03.jpg

А еден спрема друг бидете добри, сочувствителни, проштавајќи си еден на друг

како што и Бог ви прости во Христа

04.jpg

31 јануари 2016 лето Господово

Денес, во 35 – та недела по Педесетница, кога го славиме споменот и на Свв. Атанасиј и Кирил Александриски, на Божествената Литургија беше прочитано Евангелието за светлината на светот:

„Вие сте светлината на светот. Не може да се сокрие град што свети на врв планина. Ниту, пак, светило се пали и става под поклопец, туку на свеќник и им свети на сите в куќи. Така треба да свети пред луѓето и вашата светлина, за да ги видат вашите добри дела и да Го прослават вашиот Отец Небесен!...“

05.jpg

Ова Евангелие се чита на сите поголеми Светии, бидејќи тие со својот живот навистина биле светлина на светот. Но преку ова Евангелие Господ ни се обраќа и на сите нас – Христијаните – кои сме повикани да бидеме нивни наследници и подражатели во подвигот. Зашто ние, како следбеници на Оној Кој е светлина на светот, не смееме да дозволиме нашите светилки да изгаснат. Многу често слушаме дека има многу темнина во денешниот свет. И токму тука е нашиот предизвик. Повеќе од кога и да е порано Му требаме на Христа, да ја пронижеме таа темнина со светлината на Неговата вистина и љубов.

Секој може да ја проколнува темнината што го обвиткува човекот денес – темнината на злото, темнината на очајот, темнината на безнадежноста; но да се запали свеќа за страдалниците и за изгубените, свеќа на надежта, свеќа на љубовта, свеќа на верата, тоа е пронижување на темнината и нејзино изгонување. Очигледно тоа е задачата на нас Христијаните.

Треба да ја пробиваме темнината на омразата со тоа што ќе им простуваме на оние што нѐ повредиле. „Секое огорчение и јарост, гнев, викање и хулење нека бидат подалеку од вас заедно со секоја друга злоба; А еден спрема друг бидете добри, сочувствителни, проштавајќи си еден на друг, како што и Бог ви прости во Христа“ (Ефес. 4, 31 - 31).

Има луѓе што страдаат, што живеат во темнината на осаменост и очај. Треба да ја пробиваме нивната темнина со љубов, грижа, помош, посети и утеха. Колку луѓе имаме во животот, што може никогаш да не ја видат Христовата светлина ако не им ја одразиме. Но дали луѓето ја гледаат јасно светлината кај нас, кои тврдиме дека сме следбеници на Светлината. Што ако нашиот непостојан лицемерен живот со кој со години лажно сведочиме за Христа, наместо да ја утврди ја поткопува верата на оние околу нас? Затоа оние коишто се духовни предводници и свеќоносци, истовремено се носители на длабока одговорност пред Бога.

Нека Бог по молитвите на Светите Атанасиј и Кирил, големите светила на вселената, во нас го утврдува тоа чувство на одговорност, за да можеме да бидеме вистински пастири и спасители на души.

06.jpg

 08.jpg

09.jpg

10.jpg

11.jpg

 12.jpg

 13.jpg

14.jpg

15.jpg

Извор: Бигорски манастир