Монаси и бедуини. Синај.


Двајца браќа од еден манастир појдоа во градот за да го продадат своето ракоделие. Штом стасаа, се разделија привремено, и едниот од нив падна во блуд. Подоцна повторно се сретнаа, и другиот брат му рече: „Да појдеме во нашите келии, брату“. А другиот му одговори: „Не доаѓам.

– Но, зошто? –
Зашто, штом се разделивме, ми наиде искушение, и паднав во блуд.

Другиот, сакајќи да му помогне, му рече: „Истото ми се случи и на мене: откако те напуштив, и јас паднав во блуд. Да побрзаме в келија, и да се покаеме со сите сили, за Бог да ни прости нам, грешните.

 Кога се вратија во нивната келија, им кажаа на старците што им се случи; старците им кажаа каква епитимија им следува. Но, другиот брат ја трпеше епитимијата не поради себе, туку заради гревот на неговиот брат, како сам да погрешил. Бог, гледајќи ја неговата ревност и милостина, после неколку дена, на еден од старците му откри дека на блудникот му се проштеваат гревовите поради ревноста на братот кој не погреши.

Навистина, ова е пример за положување на душата своја за братот свој.

Oд кажувањата на пустинските отци

Извор: http://agapi.mk/padnav-vo-blud-bratu/