ШТО Е ВЕРА?

Човекот –каква тајна е тоа? Гледаме дека човекот по својот телесен состав е сличен на другите суштества, но тајната е во тоа што тој не и припаѓа само на земјата, туку и на вечноста. Господ го создава човекот и во него вдахнува „дух животен“. Тоа е човечката душа.




Ние имаме две сеќавања, сеќавање на умот и сеќавање на срцето. Умот не може да ги задржи внатрешните и надворешните информации кои ги добива. Затоа разумното сеќавање има спасоносна способност – да заборава. Кога човекот не би умеел да заборава, тој едноставно не би можел да постои, би го загушиле многуте информации. Сеќавањето на срцето го содржи целиот негов живот,таму се се врежува. Сите ликови, чуства, желби, намери, постапки – сите во шифриран, кодиран облик остануваат во длабочината на срцето.


Срцето кај светите отци се нарекува „книга на совеста“. На Страшниот Суд човекот ќе го види целиот свој живот токму затоа што книгата на сеќавањата на неговото срце ќе биде отворена и дешифрирана.  Тој ќе го види целиот свој живот од раѓањето до смртта, во целата своја голотија – духовна голотија.


Се прашуваме: Зошто човечките души на различен начин му одговараат на Бога? Затоа што содржината на човечките срца е различна. Едни се подготвени животот да му го посветат на Бога, други се рамнодушни, трети со презир, па дури и омраза.


Прва пречка која му пречи на човекот да го слушне гласотБожји е духовната гордост. Таа е пострашна од сите други страсти, тоа епотполна доверба само во себе, во своите внатрешни сили. Човекот како да вели:„Не ми треба никој, јас сум самиот извор на своите сопствени сили, на своетоспасение“. Нему Бог не му е потребен, всушност тој има своја религија- егоизам,односно тој самиот на себе станал бог. Духовната гордост е како голема тврдина,но страдањата и потресите често ја рушат оваа тврдина. Паѓаат и се кршатидолите кои сами ги создадале и со кои сакале да го заменат Бога.


Втората пречка е потопеност во световниот живот, нема време да погледне во небото, тој е како вечно зафатена мравка или потполно се задоволува со оние душевни наслади што можат да му ги обезбеди науката,уметноста и сл. Човекот е свртен кон душевните вредности, заборава на духовните вредности. Човечката уметност, книжевност и поезија, претставуват стихија на човечките страсти, каде злото се јавува под маската на доброто, а грубите пороци опејувани и изгледаат привлечно. Во таа земна врева тој повеќе не го слуша гласот на духот. Потоа уметноста ја развива имагинацијата и фантазијата, кои како дебела завеса го покрива срцето.  На човекот му се чини дека верата сака да го лиши од оние радости што ги дава овдешното постоење,затоа светољупците кон верата се однесуваат со рамнодушност или со скриена омраза во срцето.


Третата пречка се страстите од кои човекот не сака да се ослободи. Верата од него бара аксетизам, бара промени. Заробеникот на страстите мора да се убеди дека нема ниту вечен живот, ниту одговорност за своите дела,ните награди или казни, тој се убедува себеси за да спокојно им се препушти настрастите. Тоа е третата причина заради која човечкото срце го отфрла Бога.


Прашањето е: Што е вера и зошто човекот верува? Верува бидејки е образ и подобие Божјо. Верата на почетокот потенцијално се појавува како можност, а не е способност која човекот може сам да ја развие. Верата оживува само покрај дејството на Божествената Благодат. Затоа е и онаа синергија, односно соединување на двете волји- Божествената и човечката.  Верата е подвиг на човечкиот дух и искажувањена способност на верува или не верува, но од друга страна верата останува дар Божји, бидејки без Божја Благодат верата останува само можност.


Човекот или верува или неверува. Верува кога неговата волја се потчинува на Божествената благодат, верува кога го бара Бога (некогаш инесвесно) и во длабочината на срцето доаѓа до оваа прекрасна средба.  Не верува кога неговото срце се затвора пред благодатта, срцето не ја сака благодатта, нему благодатта му е туѓа.

-  Кракти извадоци од книгата „Како да живееме во Христа“, aрхимандрит Рафаил Карелин

 

Избор од фејсбук страна на: Ненад Кмето