СОНЦЕТО СЕ РАЃА СЕКОЈ ДЕН-Мирисини Вигипулу

   
Денеска Пркос се разбуди многу рано, од возбуда. Прв пат ќе ја запознае кралицата на Ти-Градот. Гледа околу себе и приметува дека останатите деца спијат. Ведрана и Благороден не се тука. Станува и тихо чекорејќи, излегува надвор. Зората се руди. Ги гледа своите пријатели како седат молкум и го гледаат небото. Поминува покрај нив, оди до малиот извор кој тече нешто пониско и се мие со свежа вода. Тоа потполно го разбуди. Благороден му покажува со рака да дојде поблиску. Седна покрај  нив. И тој без зборови го посматра хоризонтот. Се чини као врвовите на планината да се запалиле и дека тој оган се шири.

    -Ти благодариме Боже, што во мир ја минавме минатата ноќ. Помогни ни и во овој ден кој се буди. Полевај нè со Твојата љубов-шепоти Ведрана стегајќи ја раката на својот мал пријател.
     И Благороден му ја стега раката за да го охрабри. Тој топол допир го смирува Пркос и му дава снага.
    -Барај и ти нешто од Него, те слуша!-го поттикнува Ведрана.
    -Боже на Ведрана и на Благороден, погомни ми да те запознаам!-изговара тихо.
    Во тој миг извираат привите сончеви зраци. Една птичка, стутулена на блиската гранка, ги шири крилцата, ја протега главичката кон исток и почнува да црцори. Созданието се буди.
    -Никогаш не сум видел изгревање. Каква убавина и мир!
    -Бог ти помага да го запознаеш-му говори Ведрана. -Сите тие бои на изгревот и сета убавина на природата не можат да ја создадат човечки раце, па макар да биле тие војводи или кралеви.
    -Почнувам да верувам во тоа.
    Благороден го прегрнува.
    -Верувај пријателу мој и не се плаши од ништо!
    -Единствено од што се плашам во oвој миг е средбата со вашата кралица. Не го познавам правилникот на однесување во дворецот. Дали е ист како кај нас или е поинаков?
    -Каков е тој правилник?-го праша Благороден. -Прв пат го слушам тој збор.
    -Каков е поредокот при приемот кај кралицата? Колку чекори има до престолот? Колку поклони да направам? Кажи ми Ведрана!
    -Ти велам да се смириш! Ништо од сето тоа не треба да правиш. Тој правилник што го спомнуваш, овде кај нас не важи. Нашата учителка е многу љубезна. Инаку, ѝ раскажував за тебе. Со радост нè очекува. Затоа, исфрли ја од главата секоја грижа! Не дозволувај  на лошите мисли да ти го уништат ова убаво утро!
    Зброровите на Ведрана го потсетија на советите на луѓето кои му помогнаа да стигне до овде. Иако досега не ги спомена, од време на времe се сеќава на нив...

Извор: „Из Ја Града у Ти Град” (издание на Беседа-Нови Сад 2007 година)

Подготви: Маја Белева

 

Друго: Мирисини Вигипулу- „Патување од Јас-Градот во Ти-Градот”