Stefan.Bozik.jpg Ако постои добродетел и ако постои пофалба, со право се припишуваат на светиите. Оние ги приклонија вратовите свои пред мечот заради Тебе, Кој си слегол од небесата. Тие ја пролија крвта своја за Тебе, Кој си Се понизил и зел обличје на слуга. Тие се смируваа до смрт следејќи го примерот на Твоето сиромаштво. По нивните молитви помилуј нè, Боже, поради Твојата благосрдечност. 
Вечерна, среда од петтата седмица

Blagovestenie4.jpg Поуки од светите отци: Зашто ништо не го полни умот со нечистотија како гневот кој непрестајно се задржува во него.
Свети Јован Златоуст

Молитва:
 Отче наш, помогни ни изборот во нашиот живот да биде благоразумен и со молитва, за да го задобиеме она што е вечно и невидливо, по застапништвото на Светите Твои. Амин.

 Читање од Светото Писмо:
 Исаија 37, 33-38; 38, 1-6
 Битие 13, 12-18
 Соломонови Изреки 14, 27-35; 15, 1-14
 
 Созерцание: Кој е бавен на гнев, се одликува со голем разум, а кој е брзоплет – покажува лудост.
Соломонови Изреки 14, 29

Подготви: А.Л.