TVIT354

 Верен народе, да земеме врз себе голем труд во ова време на воздржување, за да стекнеме голема слава, избавени од пеколниот оган преку милосрдието на великиот Бог и Цар.
Вечерна, четврта седмица

 Поуки на светите отци: Загушувај го умот кој е преокупиран со самиот себе си и непромислено подложен да го оговара и осудува брата си, на тој начин што со дела ќе му ја укажуваш секоја љубов и внимание свјот ближниот.
 Свети Јован Лествичник

 Молитва:
 Помогни ни да се покаеме за патиштата кои не се Твои и Тебе не Ти се угодни. Уште помогни ни да ни бидат простени помислите кои не се во склад со Твојата промисла. Ова го бараме во најголемо смирение, Господи, зашто само со Твоја помош може да се очисти нашето срце, ум и душа. Само Ти можеш да ни подариш прошка и многупосакуван мир. Амин.

 Читање од Светото Писмо:
 Исаија 26, 21; 27, 1-9
 Битие 9, 18-29; 10, 1
 Соломонови Изреки 12, 23-28; 13, 1-9

 Созерцание: По патот на правдата е животот, и каде што оди патеката нејзина нема смрт.
Соломонови Изреки 12, 28