dime.krstopoklona12.jpgХристе, Спасителу мој, постанав налик на човекот кој паднал помеѓу разбојници, кој беше ранет и лежеше полумртов, зашто поради моите гревови, раните ми се уште потешки од неговите.
 Ограбен, тој викаше плачејќи: »Спасителу, тешко сум ранет, не оставај ме на разбојниците.« Така и јас Тебе Ти се молам, милостив Господи, спаси ме.
 Умот мој е бичуван од злобните разбојници и лоши помисли со камшикот на гревовите. Исцели ме, Христе Спасителе мој и спаси ме, зашто си богат во милоста Своја.
Утрена, четврта недела од постот

 Stefan.Bozik.jpgПоуки на светите отци: Но да бидеме храбри, сите ние, страсни и немоќни, и со непоколеблива вера како со десница да се принесеме на Христа и да ја признаеме немоќта и слабоста на својата душа. Он неизоставно ќе ни помогне и повеќе отколку што заслужуваме, само ако непрестајно се држиме со длабоко смиреномудрие.
 Свети Јован Лествичник

 Молитва:
 Господи, со срце и со ум Ти воскликнуваме: помогни ни, гледајќи ја минливоста и тленоста на овој свет, да не заборавиме дека Си секогаш со нас. Дај ни сила да ги издржиме промените кои се случуваат во светот и спаси и помилуј ги луѓето Твои и сиот Твој свет. Амин.

 Читање од Светото Писмо:
 Исаија 14, 24-31
 Битие 8, 21-22; 9, 1-7
 Соломонови Изреки 11, 29-31; 12, 1-6

  Созерцание: Плодот на праведникот е дрво на животот, а безбожниците предвреме ќе бидат земени. Ако на праведникот му се плаќа на земјата, дотолку повеќе на нечестивиот и на грешникот.

Соломонови Изреки 11, 30-31

Подготви: А. Л. 

Посети:{moshits}