oltar.jpg Засветли, Крсту Господов, засветли со благодатната светлина над срцата на оние кои те почитуваат. Со боговдахновена љубов те целиваме, о, Желбо на вселената. Преку тебе солзите на тагата се избришаа, избавени бевме од замките на смртта и преминавме во вечна радост. Покажи ни ја славата на твојата убавина и подари ни, на слугите твои, награда за воздржанието, зашто пристапуваме со вера кон твојата моќна заштита и голема милост.
Вечерна, Поклонение на Чесниот Крст

 Поуки на светите отци: ...треба да се вежбаме подеднакво во сите божествени закони, особено во оној кој не повикува да не го сметаме ниту еден човек за свој непријател, ниту долго да го држиме гневот во себе, туку веднаш да настојуваме да се помириме.
 Свети Јован Златоуст

 Молитва:
 Милостив Господи, Божествен Учителу, биди навек близу нас! Научи не да го љубиме Твојот Чесен Крст. Секогаш нека не потсетува на Твојата голема љубов и благоутробие кон нас. Помогни ни секогаш да бидеме достојни за таква љубов и нека ни биде Твојот Чесен Крст секогаш наша крепост и заштита.

 Читање од Светото Писмо:
 Исаија 8, 13-22; 9, 1-7
 Битие 6, 9-22
 Соломонови Изреки 8, 1-21

 Созерцание: Јас ги љубам сите оние кои мене ме љубат и оние кои ме бараат, ме наоѓаат.
Соломонови Изреки 8, 17

Подготви: А.Л.

Посети:{moshits}