4vek

 


 sv.Jovan.Lestvicnik2.jpg

Злопамтливоста е последица на гневот,
таа е чувар на гревовите,
омраза кон праведноста, пропаст за добродетелите,
отров за душата, црв на умот,
посрамување на молитвата, пресекување на молењето,
отуѓување на љубовта, трн забоден во душата,
непријатно чувство во кое се ужива со горчлива наслада,
грев којшто не престанува,
вечно буден престап на законот Божји, трајна злоба.

Оваа мрачна и одвратна страст, страста на злопамтливоста, е една од оние страсти што се последица на други, а коишто самите од своја страна не предизвикуваат (или можеби сепак предизвикуваат) ниедна друга страст.