starec.Siluan.jpgТагува  душата  моја  по  Бога  секогаш  и  се  моли  дење  и  ноќе.  Бидејќи  името Господово ѐ е слатко, и душата што се моли копнее по него, а тоа ја разгорува душата да Го љуби Бога.
Долго проживеав на земјата. Многу видов и слушнав. Слушав многу музика и со неа се насладуваше  душата моја. Мислев: кога оваа музика ми е толку слатка, колку би се насладувала душата од небесното пеење, каде со Светиот Дух се слави Господ заради страдањата.
Душата долго живее на земјата и ја сака земната убавина. Таа го сака небото и
сонцето,  прекрасните  градини,  морето,  реките,  шумите  и  лавадите,  душата  ја  сака  и музиката и сето тоа земно ја насладува неа. Но кога ќе Го познае нашиот Господ Исус Христос, тогаш не сака повеќе да го гледа она што е земно.
Ја видов славата на земните цареви и многу ја ценев, но кога душата ќе Го познае
Господа, тогаш ќе ја смета за ништо сета царска слава. Тогаш душата непрестано тагува по Господа и ненаситно, дење и ноќе копнее да Го види Невидливиот и да Го допре Недопирливиот.
Светиот Дух, ако Го познава твојата душа, ќе ти даде да разбереш, како Он ја учи душата да Го знае Господа, и каква сладост има во тоа.
О милостив Господи, просвети ги Твоите народи за да Те знаат и да знаат колку нè
љубиш.


Прекрасни се делата Господови. Он го создал човекот од земја и нему, од прав создадениот, му дал да Го познае со Светиот Дух, така што човекот вели: “Господ мој и Бог мој!” Тој го вели ова од полнотата на вера и љубов.
Па што поголемо може да бара душата на земјата?
Големо чудо: душата одеднаш Го познава својот Создател и Неговата љубов.
Кога душата ќе Го види Господа, колку е кроток и смирен, тогаш и таа самата се смирува до крај и ништо друго не сака така како Христовото смирение. Колку и да живее на земјата,  таа  секогаш  ќе  го  сака  и  ќе  го  бара  тоа  недостижно  смирение  коешто  не  е возможно да се заборави.
Господи, колку многу Ти го љубиш човекот!

 

 13 февруари, лето Господово 2013

 

 

 Друго:

Старец Силуан - Тага по Бога

10.01 лето Господово 2013