Зs.Magralena.gakon.jpgА ПРИМАЊЕТО НА СВЕТАТА ПРИЧЕСТ


 Децата од најрана возраст треба да се подготовуваат за Светата Причест и со радост да ја исчекуваат. Не е погрешно да се присустува на Светата Литургија, а да не се причестиме секогаш. Тоа е сигурно помалку штетно, отколку да се причестиме без подготовка (бар почнувајќи до претходната вечер), без покајание, чезнеење, страв Божји, без изнесување на благодараност после Светата Причест, како и без убедувањето дека примаме дар на неискажлива светиња. Не смееме да зборавиме дека е можно да се прими Светата Причест „на осуда” (спореди Кор 11,27). Мерата на благодат која ја примаме од Света Причест зависи колку од нашата подготовка, толку и од дарот Божји, кој не е таков што би се давал „автоматски”. Преданието на нашата Цркава вели дека подготвката и настроението се поважни од зачестеноста на причестувањето.  Богохулно е и опасно да се присилуваат или да се подмитуваат децата (дури и бебињата) да се причестуваат против своја воља. Имам слушано за еден русин богослов, кој цел живот се сеќавал како, неколку пати годишно, сите членови на неговото семејство се подготвувале за Света Причест, читале молитви пред Света Причест и барале прошка едни од други пред примањето на Светата Тајна. Деновите во кои се причестувале биле особени денови, кои се паметат. Почестото причестување подразбира поголем аскетски труд, така што семејството мора да биде во состојба да ја носи таа „мера” на подвижништво (аскеза). Секоја личност мора да има благослов од својот духовен отец-и на децата исто така, тогаш кога ќе почнат да се исповедаат, може да им се даде совет врзан за нив самите, за ова клучно прашање за христијанскиот живот.
 Кога го разгледуваме прашањето за одење во Црква, примањето на Светата Причест и молитвата дома, мораме да ги имаме превид не само краткорочните, туку и долгорочните резултати последици: како е најдобро да се подготвува детето да живее христијански живот во овој свет? Што во детето ќе развие духовно здрав став кон Христа, кон Црквата и кон Светите Тајни? Што ќе му помогне да ја сочува до зрелоста желбата да го спознае Христа и да се соедини со Него? Се случува децата да одат во Црква често, но во себеси се противат и ја отфрлаат благодатта. Многу безбожници (атеисти) биле израснати во нападно „побожни семејства”.
 Кога за Светата Причест говориме на малите деца, тие понекогаш негативно реагираат на изразот „Тело и Крв Христови”. Ова почесто се случува во разговорите отколку во тек на самата Литургија.  Можеби е доволно за нив да го чујат Словото на Принесување на Литургијата и зброровите на свештеникот за време на примањето на Светите  Дарови. Во некои прилики можеме да кажаме дека Христос доаѓа да биде меѓу нас или дека го примаме Христа. Секако, во никој случај не би смееле, да прекинеме да го примаме Христовото Тело и Крв, но понекогаш нашето „објаснување” ги предизвикува децата да замислуваат месо и коски, така што чувствувааат непријатност. Христос ни доаѓа во вид на леб и вино, бидејќи ни снисходи и знае колку тешко би било за нас на друг начин да вкусиме од Неговиот Живот.*


* Спореди со поуката бр. 7 од Ава Данаил ( Поуке пустињских отаца – „The sayngs of the Desert Fathers”, Mowbrays, 1973.)

s.Magralena.gakon.jpg

Од книгата: Васпитајте своје дете од сестра Магдалена

Подготви: М.Б.

Наслов на оригиналот:
Sister Magdalen
Reflections on children in the Orthodox Church today
(Stavropegic Monastery of St. John the Baptist
Tolleshunt Knights, Essex)

З

 Друго: