8 / 21 ноември 2016 лето Господов

Сите луѓе се бесмртни, покажуваат новите откритија.

Животот по смртта е една од најголемите мистерии на човештвото, но според најновите откритија, научниците тврдат дека смртта не постои - само телото умира.

Според Стјуард Хамерхоф од Универзитетот на Аризона, свеста продолжува да живее на квантно ниво.

Британскиот физичар Роџер Пенроуз оди уште подлабоко и тврди дека тој и неговиот тим нашле докази за тоа дека микротубулите (клеточни компоненти на Цитоскелетонот), се засновани на протеини кои носат квантни информации на субатомско ниво.

Пенроуз исто така тврди дека кога човекот ќе умре, оваа квантна информација се ослободува од микротубулите и истекува во просторот.

Ако човекот сепак, оживее, квантната информација се пренесува назад во микротубулите и таа често предизвикува чувството на блиска смрт.

Според научникот од Институтот за физика во Минхен Макс Планк, физичката вселена во која живееме е само наша перцепција, и кога нашите тела умираат претстои вечноста.

Д-р Ханс дури истакнува: „Она што го мислиме за тука и сега, овој свет, тоа е всушност матерјалното ниво, она што можеме да го прифатиме. Овој свет има корени. Така нашите животи се поврзани со следниот живот. Телото умира, но духовната, квантната област продолжува да живее. Значи сите сме бесмртни“.

Д-р Кристијан Хелвинг од Институтот за биолошка хемија додава: „Нашите мисли, волјата, свеста и чувствата прикажуваат особености кои би можеле да се наречат духовна природа. Ниту една природна сила, како на пример гравитацијата, не може да биде духовно одредена“.

Извор: Локално

 

Преземено од: Бигорски манастир

20.11.201 год.