Разбудената МАНУ со нов симпозиум контра Софиските тези за македонската нација

По минатонеделниот научен собир на Македонската академија на науките и уметностите во чест на 118 години од формирањето на "Македонското научно и литературно другарство" формирано во Санкт Петербург од Крсте Мисирков и Димитрија Чуповски, денеска МАНУ со уште еден симпозиум со кој индиректно се отфрлаат сите бугарски тези за бугарската нација како основа од која настанала македонската нација.


Денеска во МАНУ се одржува научен собир на тема „Одбележување 190 години од раѓањето на Марко Цепенков и 100 години од неговата смрт".
Покрај научните, историски и литерарни аспекти на темата од собирот се испраќа и порака за спецификите на генезата на македонскиот народ и нација која деновиве е
Покрај научните, историски и литерарни аспекти на темата од собирот се испраќа и порака за спецификите на генезата на македонскиот народ и нација која деновиве е под директен напад од страна на Бугарија.
Колку научните позиции изложени од МАНУ се втемелени на цврста основа најдобро се покажува од фактор што по минатонеделниот научен собир нема никаква реакција од Бугарската академија на науките или од нејзини членови.
БАН со децении, не само што ја поддржуваат, туку ја предводи хегемонистичката атака врз македонската самобитност обидувајте се да докажат дека Македонските се насилно посрбени Бугари кои говорат западно-бугарско наречје.
За тие што сакаат да читаат повеќе за Марко Цепенков во продолжение апстрактни од излагањата на учесниците на Научниот собир во МАНУ во чест на Марко Цепенков.

МАКЕДОНСКА АКАДЕМИЈА НА НАУКИТЕ И УМЕТНОСТИТЕ
ИНСТИТУТ ЗА ФОЛКЛОР „МАРКО ЦЕПЕНКОВ" – СКОПЈЕ

НАУЧЕН СОБИР
ПО ПОВОД 190 ГОДИНИ ОД РАЃАЊЕТО
И 100 ГОДИНИ ОД СМРТТА НА МАРКО ЦЕПЕНКОВ

МАРКО ЦЕПЕНКОВ (1829 - 1920 - 2020)

КНИГА НА АПСТРАКТИ

4. НОЕМВРИ 2020, МАНУ

СОДРЖИНА


1. Акад. Катица Ќулавкова, МАНУ: Трансмедијалноста на народната култура: парадигмата на Марко Цепенков

2.    Акад. Витомир Митевски, МАНУ
Философија на секојдневниот живот во поговорките на Марко Цепенков
3.    Проф. д-р Ермис Лафазановски Институт за фолклор „Марко Цепенков"
Марко Цепенков и Кирил Пенушлиски: од фолклор до фолклористика
4.    Проф. д-р Славица Србиновска Филолошки факултет „Блаже Конески" Тажачките песни во опусот народни умотворби забележани од Марко Цепенков
5.    Проф. д-р Лидија Капушевска-Дракулевска Филолошки факултет „Блаже Конески" Марко Цепенков и генезата на македонскиот фантастичен расказ
6.    Проф. д-р Нина Атанасова-Шкрињариќ Филолошки факултет „Блаже Конески" Зборникот на Марко Цепенков како извор за реконструкција на словенската митологија
7.    Проф. д-р Наташа АВРАМОВСКА Институт за македонска литература Автобиографијата на Марко Цепенков
8.    Вон. проф. Трајче СТАМЕСКИ Филолошки факултет „Блаже Конески"
Марко Цепенков и генезата на македонската уметничка проза
9.    Вон. проф. Искра ТАСЕВСКА ХАЏИ БОШКОВА Филолошки факултет „Блаже Конески"
Дијалошката природа на другојазичниот говорен и културен модел во творештвото на Марко Цепенков
10.    Проф. д-р Зоранчо МАЛИНОВ Институт за фолклор „Марко Цепенков"
Народните верувања публикувани од Марко Цепенков како придонес во истражувањето на народната религија на Македонците
11.    Проф. д-р Весна ПЕТРЕСКА Институт за фолклор „Марко Цепенков" Соновите во собирачката дејност на Марко Цепенков
12.    Проф. д-р Лидија СТОЈАНОВИЌ-ЛАФАЗАНОВСКА Институт за фолклор „Марко Цепенков"
Во чест на Цепенков - истражување на наративниот фолклор
13.    Проф. д-р Катерина ПЕТРОВСКА-КУЗМАНОВА Институт за фолклор „Марко Цепенков" Творештвото на Марко Цепенков во фолклористичките истражувања
14.    Проф. д-р Симона ГРУЕВСКА-МАЏОСКА Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков" Лексичките особености на творештвото на Марко Цепенков
15.    Проф. д-р Лилјана МАКРИЈОСКА Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков" Делото на Марко Цепенков од етнолингвистички аспект
16.    Вон. проф. Ана ВВИТАНОВА-РИНГАЧЕВА
Филолошки факултет, Универзитет „Гоце Делчев" — Штип
Оставнината на Марко Цепенков низ призмата нашаманистичкиот модел (врз примери на сказни, верувања, преданија и легенди)
17.    Вон. проф. Велика СТОЈКОВСКА-СЕРАФИМОВСКА Институт за фолклор „Марко Цепенков"
Придонесот на Марко Цепенков во процесот на создавањето и зачувувањето на Македонското нематеријално културно наследство
18.    Доц. Кристина ДИМОВСКА Институт за фолклор „Марко Цепенков"
Наравоучението како пословично финале во волшебните приказни на Марко Цепенков
19.    Иванчо ТАЛЕСКИ Универзитет во Пенсилванија, САД/ (University of Pennsylvania, USA
Улогата на цртежот во творештвото на Марко Цепенков (видео презентација)

Академик Катица ЌУЛАВКОВА, МАНУ

ТРАНСМЕДИЈАЛНОСТА ВО НАРОДНАТА КУЛТУРА: ПАРАДИГМАТА НА МАРКО ЦЕПЕНКОВ

Апстракт: Народната култура во XIX век не е само имаголошка рефлексија на општествената стварност, туку и двигател на општествените преобразби. Таа, колку што е слика на колективната меморија, толку е будител на националната свест. Од една страна, таа го следи логосот на долговековната усна, обредна, карневалска, историска и митска традиција на Македонците, а од друга, ги охрабрува смелите творечки потфати на истакнатите преродбеници. Така, народната култура се граничи со авторската, па има улога на главен поттикнувач на уметничкото творештво. Во таков амбиентсе создаваат и услови за проучување на народната култура и уметничкото творештво, така што 19 век го иницира и научниот дискурс во областа на јазикот, митот, книжевноста, фолклористиката, историографијата, етнографијата, музиката, занаетите... Народната култура се остварува со помош на повеќе платформи и на повеќе рамништа на комуникација со публиката (јазично, сценично, естетско, просветителско, забавно, популарно, политичко).
Таквата опсервација на народната култура и на нејзината социјална, естетска и научна функција, ни дава за право да зборуваме за извесна трансмедијалност на народната култура, односно на фолклорот како нејзина примарна манифестација. Личноста и делото на Марко Цепенков се парадигматични примери за трансмедијалноста на македонската народна култура. а) Неговата личност, затоа што е отворена пред различните дејности и медиуми: занаетчиство, собирачка, запишувачка и литературна дејност, просвета, историја, народна медицина, магиска традиција, митска меморија, тајни говори, интерпретативни и сценски техники за изведување на усното творештво. 6) Неговото дело (ориѕ), затоа што е огледало на (поетиката на) народното творештво на Македонците, запис на нивната хибридна, паганска и христијанска, ритуална и орална, балканска и словенска традиција од втората половина на XIX век. На тие две рамништа се проектира битието на македонското општество со сета своја слоевитост, чувствителност, противречност и интегралност.

Клучни зборови: народна култура, трансмедијалност, хибридност, мит, јазик, Марко Цепенков, Македонија.

Акад. Витомир МИТЕВСКИ, МАНУ
ФИЛОСОФИЈА НА СЕКОЈДНЕВНИОТ ЖИВОТ ВО ПОГОВОРКИТЕ НА МАРКО ЦЕПЕНКОВ

Апстракт: Анализата на поговорките што Марко Цепенков ги има собрано и објавено претставуваат вонредно погоден материјал за дефинирање на духовниот профил на Македонецот. Тие куси форми ни ја откриваат неговата философија на животот, неговиот однос спрема кон предизвиците на секојдневието, но даваат и продлабочен увид во народната мудрост, која се изградува врз основа на долговековното повеќевековното опстојување на ропството, при што секогаш останувало место и за радости и оптимизам и за критички однос спрема кон глупоста и простотијата. Тие поговорки, со својот широк тематски опфат и промисленост, дозволуваат да се оформи еден развиен философски концепт кој содржи посебни одлики на еден народ, но и општа порака како прилог кон човековата мудрост воопшто.

Клучни зборови: поговорки, философија, мудрост, духовен профил, критички однос.

Д-р Ермис ЛАФАЗАНОВСКИ
Институт за фолклор „Марко Цепенков" — Скопје

МАРКО ЦЕПЕНКОВ И КИРИЛ ПЕНУШЛИСКИ: ОД ФОЛКЛОР ДО ФОЛКЛОРИСТИКА

Апстракт: Македонската фолклористика, базирана врз богатиот фолклорен материјал собран од нашите преродбеници до 19 век, својата конечна институционализација, ја оствари благодарејќи им на два клучни моменти кои се случија во почетокот на втората половина на дваесеттиот век: достапноста на фолклорните материјали на Марко Цепенков за поширок увид на научната јавност, и ангажирањето на првиот фолклорист, во вистинската научна смисла на зборот, Кирил Пенушлиски, зборникот на Цепенков да стане основна „база на податоци" за понатамошниот развиток на македонската фолклористика како наука. Отд тука, појдовна точка за мојоттекст ќе биде улогата на Кирил Пенушлиски, во популаризацијата на фолклорот од зборникот Зборникот на Цепенков, како основа за создавање една посебна фолклористичка научна дисциплина, со посебен теоретско-методолошки пристап.

Клучни зборови: македонска фолклористика, Кирил Пенушлиски, Марко Цепенков, база на податоци.

Проф. д-р Славица СРБИНОВСКА Филолошки факултет „Блаже Конески"

ТАЖАЧКИТЕ ПЕСНИ ВО ОПУСОТ НА НАРОДНИ УМОТВОРБИ ЗАБЕЛЕЖАНИ ОД МАРКО ЦЕПЕНКОВ

Апстракт: Студијата се фокусира врз тажачките песни и настојува да ги определи мотивите и специфичните настани за кои се врзува пеењето на од овој вид. Со толкување на афектот на тагата се истражуваат различните односи, најчесто воспоставени во многу специфични, најчесто фатални околности, што укажува на мотивацијата на собирачот Марко Цепенков да ги запише песните кои, не само според мелодијата, мнемотехничката моќ на стихот и стандардната форма на обликување и искажување, туку и според настанот кој што го претставуваат, се врежуваат во сеќавањето. Интерпретацијата се фокусира врз исклучителни настани и мотивацијата за нивно заокружување со несреќен крај, како што се: смртта на близок човек од семејството, разделбата од саканите луѓе, осаменоста, носталгијата по минатото, најчесто носталгијата по младоста, соочувањето со несреќната љубов, односно низа од околности кои предизвикуваат страдање и болка. Во ова истражување ќе бидат интерпретирани песни тажаленки кои, во опусот, се одделуваат со своја структура и со трагичентрагичниот, тажен настан.
Структурата на песната се карактеризира со ритам заснован на повторувања (т.н. „лелекање."). Претставувањето на настанот кој предизвикува болка и искажувањето на тагата, често се реализираат со засилување или интензивирање на секоја следна етапа со која пејачот ја градира или ја интензивира емоцијата, тагата, и го насочува слушателот/читателот кон финалната сцена на разврската на настанот со несреќен исход кој најчесто значи препуштање на очајот и соочување со немоќта заради поради сознанието дека ситуацијата е безизлезна, а смислата и животната енергија се потиснати за сметка на празнината, безживотноста и непроменливоста на таквиот исход.

Клучни зборови: тажачки песни, фатални околности, тага, интерпретација, Цепенков.

Проф. д-р Лидија КАПУШЕВСКА-ДРАКУЛЕВСКА Филолошки факултет „Блаже Конески"

МАРКО ЦЕПЕНКОВ И ГЕНЕЗАТА НА МАКЕДОНСКИОТ ФАНТАСТИЧЕН РАСКАЗ

Апстракт: Македонскиот фантастичен расказ е лишен од деветнаесетвековниот романтичарски процут, во историјата на фантастичната литература означен како „златно златна доба"" на фантастичниот расказ. Сепак, неговата генеза датира токму од втората половина на XIX век и е во знакот на фолклорното дело на Марко Цепенков (1829 — 1920) како своевидна „предисторија" на фантастичниот расказ во македонската литература. Марко Цепенков е, во некоја рака, следбеник на Н. В. Гогољ, Хофмановиот наследник во руската (украинската) литература. Имено, токму Гогољ е авторот кој ја пренесува Хофмановата формула на фантастичниот расказ во словенските литератури. На тој начин, Гогољ станува мост меѓу Истокот и Западот, меѓу наследството од се уште живата и мошне богата фолклорна традиција на словенските литератури и поттикот добиен од новите тенденции во западноевропски рамки. Цепенков, како и Гогољ, се занимавал со собирање на народни умотворби во рамките на културната и на националната преродба што ја носи романтизмот на поширокиот јужнословенски простор. Раскажувачкиот талент што го поседувал, му овозможува да ја надмине улогата на обичен регистратор на народни умотворби и да ја збогати внатрешната структура на народната приказна со низа трансформации кои веќе значат приближување до методите на уметничката проза. Генезата на македонскиот уметнички фантастичен расказ ќе биде проследена преку „вампирските раскази" на Цепенков (Влада Урошевиќ) и преку волшебната приказна за „Силјан Штркот", која се смета за најсовршеното раскажувачко дело на Цепенков.

Клучни зборови: Марко Цепенков, фантастичен расказ, фолклор, чудесно, генеза.

Проф. д-р Нина АНАСТАСОВА-ШКРИЊАРИЌ Филолошки факултет „Блаже Конески"

ЗБОРНИКОТ НА МАРКО ЦЕПЕНКОВ КАКО ИЗВОР ЗА РЕКОНСТРУКЦИЈА НА СЛОВЕНСКАТА МИТОЛОГИЈА

Апстракт: Митот како облик на духовна култура претставува архаично тежиште во кое се вкрстуваат истражувањата на повеќе научни дисциплини: антропологијата, археологијата, историјата на религиите, историјата на уметностите, етнографијата, фолклористиката и др. Оттука, неопходен е заеднички ангажман на иследувачите (митолози, антрополози, историчари, археолози, социолози, етнографи, етнолози, фолклористи, лингвисти и др.) и здружено интердисциплинарно проучување на една толку сложена проблематика, каква што е митот. Секоја од овие дисциплини, одделно и сама за себе пројавила одреден интерес за расветлување на старословенската претхристијанска вера (која, во контекст на митолошкото наследство, се детерминира со одредницата „старословенска митологија"), но еден ваков сложен феномен, каков што е древната пра-религија, може да се расветли само ако му се пријде интердисциплинарно.
Повеќемина проучувачи имаат укажано дека токму во етнографските и во фолклористичките извори (кои содржат драгоцени информации за народниот живот и духовната култура на нашите предтци) се полагаат, во иднина, најголемите надежи и очекувања за дополнителни реконструкции на старословенската митологија. Притоа, од особено значење се етнографските и фолклорните материјали кои, во 19. век, ги фиксираа собирачите на народни умотворби, а проучувањето на фолклорот веќе покажа дека денешните обичаи/обреди, и народни верувања и суеверија (доменот на суперстицијата) се само остатоци од паганските обреди и митолошки верувања, кои со текот на времето се исполнети со нова симболичка содржина и на тој начин се „ресемантизирани“.
Цепенковата собирачка актива најдобро го потврдува дека мислењето на митолозите дека недостатокот на пишаните извори за митолошкото митолошката доба на Јужните Словени, го надокнадува надополнува силната традиција сочувана во фолклорот. Затоа, целта на ова истражување е да го афирмира ставот дека недостатокот од сигурни, пишани или автентични материјални споменици за јужнословенската митологија, може (и треба!) да се надомести токму со поинтензивното вклучување на митологија, може (и треба!) да се надомести токму со поинтензивното вклучување на народната традиција, која може да пополни мноштво празнини во комплетната претстава за древната словенска вера. Акцентот, во оваа пригода, ќе биде ставен на Цепенковите записи на народните верувања, кои, како остатоци од некогашните пагански верувања, претставуваат мошне релевантен извор за реконструкција на првобитната религија. Покрај етнографските материјали од зборникот Зборникот на Цепенков (записите на народни верувања и суеверија), ќе земеме предвид и одредени фолклорни материјали: записи на народни приказни (преданија и легенди) и поетски фолклорни материјали (иако, во поезијата, често пати на преден план е поетската фантазија која тешко може да се разграничи од автентичното митско искуство). Во таа смисла, профилирајќи го зборникот Зборникот на Цепенков како сериозен извор за реконструкцијата на древната словенска митологија, како незаобиколни сведоштва за народната религија, во прв ред, ќе ги разгледаме народните верувања (народните кажувања кои го содржат астрономското и календарското знаење), со што, наспроти претходната попатна верификацијата на овој етнографски материјал, ќе предложиме и нивна ревалоризација и нов научен верификатив, кој ќе го земе предвид фактот дека токму овие записи се од најголема полза при обидот да се реконструира древната вера на Старите Словени.

Клучни зборови: Цепенков, етнографско-фолклорни извори, митолошка реконструкција, словенска предтхристијанска вера, народна религија, народни верувања, суперстиција.

Проф. д-р Наташа АВРАМОВСКА Институт за македонска литература

АВТОБИОГРАФИЈАТА НА МАРКО ЦЕПЕНКОВ

Апстракт: Автобиографијата на Марко Цепенков овде се проследува на три рамништа. Првото го претставува контекстот на нејзината пројава во периодот на преродбата во последните две децении на 19 век, имено, периодот кога автобиографскиот испис го доживува својот процут во македонската книжевност. Појавата на овој жанр е во нераскинлива спрега, поврзана со преродбата на македонскиот културен идентитет, во чијшто контекст автобиографскиот испис се легитимира како испис на деецот за народното дело. Второто рамниште на проследувањето е согледбата на раскажувачката структура и стилот на раскажувањето во себеисписот на Марко Цепенков, којшто се реализира во вкрстеноста на кодовите на усноста и писменоста. Третото рамниште на истражувањето проследува аспекти на тој раскажувачки стил во различни жанровски профилирани примери од современата македонска литература, односно ја проследува неговата актуализација од страна на македонските писатели.

Клучни зборови: Марко Цепенков, автобиографија, македонска преродба, усност, писменост, раскажувачки стил, актуализација.

Доц. Трајче СТАМЕСКИ Филолошки факултет „Блаже Конески"

МАРКО ЦЕПЕНКОВ И ГЕНЕЗАТА НА МАКЕДОНСКАТА УМЕТНИЧКА ПРОЗА

Апстракт: Овој текст претставува синтеза на повеќегодишното истражување на наративите на Марко Цепенков (волшебни и фантастични приказни) со помош на наратолошки и семантички анализи. Добиените резултати покажуваат зошто Цепенков се смета за „атипичен" запишувач и раскажувач на народните умотворби, неговите наративи покажуваат видливи отстапки од стандардите на традиционалните фолклорни приказни, поради што со право може да говориме за нив како за примери на еволуција на жанрот и доближување до критериумите на уметничката проза.

Клучни зборови: волшебни приказни, фантастични приказни, Марко Цепенков, наратор, лик, жанр.


Доц. Искра ТАСЕВСКА ХАЏИ-БОШКОВА Филолошки факултет „Блаже Конески"

ДИЈАЛОШКАТА ПРИРОДА НА ДРУГОЈАЗИЧНИОТ ГОВОРЕН И КУЛТУРЕН МОДЕЛ ВО ТВОРЕШТВОТО НА МАРКО ЦЕПЕНКОВ

Апстракт: Рефератот претставува обид за преиспитување на творечките постапки на ислучителниот македонски собирач и автор, Марко Цепенков. Пред се, го имаме предвид автентичното обликување на неговите дела, односно феноменот кој Блаже Конески терминолошки го одреди како „изневерување". Тој термин се однесува на преобликувањето кое Цепенков го правеше во однос на традиционалните модели на собирачка дејност и раскажување, видливи во неговото творештво. Покрај тоа, предмет на интерес на овој реферат ќе претставува и присуството на другојазичниот културен модел, кој се појавува како мошне специфично својство на Цепенковото творење и на запишувачката дејност. Тука се мисли првенствено на јазичните формулации од турската културна средина, која оставила печат врз одредени негови творби, но и врз начините на творењето на неговите дела. Во таа смисла, ќе се преиспитуваат текстовите во кои се засведочени поголеми делови на турски јазик (преведени од авторот или не), одредени модели од турската култура, како и автентичните преобликувања кои Цепенков ги правел во тој манир. Нашата анализа ќе се стреми да покаже на кој начин другата блиска култура влијаела на творечки план, без да се навлегува во лингвистичкото подрачје кое се однесува на употребата на турцизмите во творештвото на Цепенков, кое сметаме дека е доволно истражено. Потесен предмет на интерес ќе претставуваат дискурзивните модалитети, кои, во голема мера, ја покажуваат заемната кохабитација и корелацијата на градската и на народната култура во Македонија, во 19 век. Истовремено, тоа ќе овозможи дополнителен увид во постапките на градењето на уметничкиот текст, својствени за творечката визура на Цепенков. Клучни зборови: македонска литература во 19 век, „изневерување", другојазичен културен модел, собирачка и авторска дејност, Марко Цепенков.

Проф. д-р Зоранчо МАЛИНОВ Институт за фолклор „Марко Цепенков" — Скопје

НАРОДНИТЕ ВЕРУВАЊА ПУБЛИКУВАНИ ОД МАРКО ЦЕПЕНКОВ КАКО ПРИДОНЕС ВО ИСТРАЖУВАЊЕТО НА НАРОДНАТА РЕЛИГИЈА НА МАКЕДОНЦИТЕ

Апстракт: Разните верувања, кои претставуваат составен дел на од народната религија, биле многу присутни и кај македонскиот народ во 19 век, т. е. во периодот во којшто се одвивал и најголемиот дел од животот на Марко Цепенков. Голем број на вакви верувања се спасени од заборав, благодарение токму на Цепенков, кој, во неколку броја на софискиот „Зборник за народни умотворби", кои се издадени во последната деценија на 19 век, успеал да публикува неколку стотинци такви народни верувања од неговиот роден крај, односно од Прилепско, споредувајќи ги со разните слични верувања во некои од околните градови (Битола, Велес, Штип). Овие верувања вообичаено се публикувани во рубриката: „Толкувања на природни појави, разни народни верувања и кобења". Публикуваните народни верувања се однесуваат на разни сегменти од животот — бременоста, раѓањето, детството, стапувањето во брак, смртта и погребот, потоа на секојдневието од аспект на стопанисувањето (земјоделство, сточарство, занаети), верувања поврзани со некои светци, па се до верувања поврзани со разните астрономски и метеоролошки појави, како што се: изгледот на Сонцето, Месечината и соѕвездијата на небескиот сводото, претскажувањата за временските прилики услови во текот на претстојните денови, месеци. Во овие негови записи, може да се забележи дека, често, и во самите коментарите што следеле следувале во врска со некои од овие верувања и самиот нивен запишувач бил длабоко убеден дека тоа навистина е така. Тоа говори и за самиот Цепенков како припадник на тој обичен народ кој си имал сопствен светоглед на тогашниот начин на живот, а што ние, денес, во современи услови, го нарекуваме „народна религија".
Клучни зборови: народна религија, верувања, природни појави, Марко Цепенков.

Проф. Д-р Весна ПЕТРЕСКА Институт за фолклор „Марко Цепенков“ – Скопје

СОНОВИТЕ И СОБИРАЧКАТА ДЕЈНОСТ НА МАРКО ЦЕПЕНКОВ

Апстракт: Марко Цепенков, во неговата собирачка дејност, значително внимание им посветил и на соновите.
Карактеристика на собраните сонови од М. Цепенков е што тие, главно, се сврзуваат со случувањата во реалниот живот. НаЈчесто, некои претходни доживувања на сонувачот се задржуваат во неговата потсвест, а потоа се манифестираат во соништата кои можат може да бидат протолкувани со внимателно анализирање на нивната содржина. Главни мотиви во соновите се: одомувањето на сопствените деца, добивањето дете, односно забременувањето, успешната или неуспешната работа, здравјето, болеста, како и смртта. Реализацијата на настаните од реалниот живот во соновите најчесто се остварува во контакт со оностраното, со „онаа страна", што не 6и требало и да изненадува, затоа што, во народната култура, сонот се сметал како посебна состојба. Врската со „онаа страна" може да се види преку определени просторни и временски категории (вода, определени калливи површини, сопствениот или туѓиот двор, патишта, ноќ, итн.), преку определени личности (блиски роднини, стари луѓе, но, се појавуваат и некои светци, како и самиот Господ), животни или растенија (гулаб, ластовица, змија, гуштер, мечка итн.), предмети (дрва, заб, пушка, пиштол, бастун, итн.), кои во народната култура се поимаатдека конотираат со „другото, различното". Сите овие, според народниот светоглед, може да подразбираат добра или лоша судбина. Народниот светоглед, исто така, е посведочен во одењето на определени простори и вршење извршувањето на обредни практики, што им се прикажувале во соновите, а во реалниот живот, овие обредни практики се извршувале. „Вистинитоста" на соновите кај Цепенков е посведочена од толкувањата на самите луѓе, сонувачи.

Клучни зборови: М. Цепенков, сонови, собирачко творештво, толкување, народна култура.

Проф. д-р Лидија СТОЈАНОВИЌ-ЛАФАЗАНОВСКА Институт за фолклор „Марко Цепенков" — Скопје

ВО ЧЕСТ НА ЦЕПЕНКОВ: ИСТРАЖУВАЊЕ НА НАРАТИВНИОТ ФОЛКЛОР

Апстракт: Промената на стилот на живеењето условува и низа други промени: навики, жанрови, мотиви, обрасци. Согледувањето на промените во наративниот фолклор ќе биде овозможено преку неколку позначајни концепти: поетика на фолклорот, наративен хабитус, преносливост, емоционалност.

Клучни зборови: поетика на фолклорот, наративен хабитус, менталитет, преносливост, емоционалност.

Проф. д-р Катерина ПЕТРОВСКА-КУЗМАНОВА Институт за фолклор „Марко Цепенков" — Скопје

ТВОРЕШТВОТО НА МАРКО ЦЕПЕНКОВ ВО ФОЛКЛОРИСТИЧКИТЕ ИСТРАЖУВАЊА

Апстракт: Во текстот се проследуваат развојот, тенденциите и интересите на фолклористите за творештвото на Марко Цепенков преку објавените статии во списанието„Македонски фолклор". Исто така, составен дел од истражувањето ќе биде аспектот на влијанието што го врши објавувањето на десеттомното издание (1972 год.) од записите на Марко Цепенков, врз фолклористичките истражувања. Проселедувањето на објавените текстови во еден дијахрониски пресек ни дава можност подетално да се задржиме на одделните истражувачки теми и методи на нашите претходници и соработници, а воедно, претставува многу добар извор за историски анализи на развојот на фолклористиката и на сродните дисциплини. За потребите на оваа истражување, ќе бидат анализирани 75 броеви на списанието, а според првичните согледби на текстовите во кои имаме увид, начелно можат може да се согледааттри пристапи кон творештвото на Марко Цепенков: 1. фФолклористичко- историски пристап, 2. ааналитичко- споредбен пристап кон приказните и 3. јазичните карактеристики на објавените материјали. Тоа ни дава можностза согледување на различните аспекти на истражувањето и на фолклористичките методи, во однос на објавените материјали.

Клучни зборови: „Македонски фолклор", Марко Цепенков, фолкпористика, истражување, фолклористички методи.

Проф. д-р Симона ГРУЕВСКА-МАЏОСКА Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков"

ЛЕКСИЧКИТЕ ОСОБЕНОСТИ НА ТВОРЕШТВОТО НА МАРКО ЦЕПЕНКОВ

Апстракт: Творештвото на Марко Цепенков, објавено во 10 книги, дава извонреден материјал за проучување на македонскиот јазик од сите тематски области од 19-тиот и почетокот на 20 век. Со оглед на тоа што содржи: приказни, песни, пословици, поговорки, гатанки, верувања, клетви, благослови, баења, детски игри, описи на занаети, обреди, обичаи, предмети од тогашното секојдневие итн., и тоа не само од занаети, обреди, обичаи, предмети од тогашното секојдневие итн., и тоа не само од Прилепско туку и од Велешко, Скопско, Штипско, Дебарско и Битолско, дава јасен приказ на богатството на народниот македонски јазик од тој период. Кон овој материјал, дополнително влегуваат и неговите лични творби. Лексиколошката анализа на јазикот на творештвото на Цепенков ќе биде според потеклото, според сферата на употреба и според процесот на обновување Дополнително, ќе се даде осврт на подборот на лексемите од семантичко-стилистички аспект.

Клучни зборови: Марко Цепенков, македонски јазик, лексика, семантика, стилистика.

Проф. д-р Лилјана МАКАРИЈОСКА Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков"

ДЕЛОТО НА МАРКО ЦЕПЕНКОВ ОД ЕТНОЛИНГВИСТИЧКИ АСПЕКТ

Апстракт: Предмет на нашиот интерес е делото на неуморниот собирач на македонското духовно културно наследство, Марко Цепенков (1829 - 1920), што има непроценливо значење не само од фолклористички, етнографски, туку и од јазичен, односно етнолингвистички аспект. Како извонреден познавач на народниот живот, на длабоката народна мудрост, тој се напојувал од народниот јазик на својата средина, преточувајќи ги во своите записи и богатата македонска лексика и народната фразеологија. Жанровски разновидниот фолклорен, етнолошки материјал, собран од Цепенков (од приказните, песните, пословиците и поговорките, до обичаите, верувањата, благословите и клетвите итн.), содржи драгоцени, помалку познати архаични и дијалектни зборови од секојдневниот живот, селскостопанската дејност, односно од земјоделството, занаетчиството и др., обредно-обичајната практика поврзана со народниот календар, детските игри, претставите за растителниот и животинскиот свет, народната медицина, баењата, верувањата, толкувањето на соништата итн. Цепенков им остави на идните генерации богат изворен материјал како сведоштво за животот во минатото, а во ризницата на народните мудрости го зачува и вредното лексичко, фразеолошко богатство на народниот јазик, што претставува непресушен извор за збогатувањето на македонскиот лексички фонд.

Клучни зборови: културно наследство, фолклор, лексика, архаизми, дијалектизми, народна фразеологија.

Доц. д-р Ана ВИТАНОВА-РИНГАЧЕВА
Универзитет „Гоце Делчев" — Штип, Филолошки факултет

ОСТАВНИНАТА НА МАРКО ЦЕПЕНКОВ НИЗ ПРИЗМАТА НА ШАМАНИСТИЧКИОТ МОДЕЛ (ВРЗ ПРИМЕРИ НА СКАЗНИ, ВЕРУВАЊА, ПРЕДАНИЈА И ЛЕГЕНДИ)

Апстракт: Фолклористичкиот корпус на Цепенков претставува неверојатно силен аргумент во докажувањето на тезата дека усната македонска народна традиција има многу длабок корен и дека во него се вградени елемени на духовното искуство на човекот со универзален предзнак. Фолклористичко-етнографската и антрополошката експертиза на сказните што Цепенков ги запишал (како и записи во делот: верувања, преданија и легенди), навестува дека остатоци од шаманистичкиот мистиечен феномен се препознаваат и во македонскиот фолклор. Шаманзимот како архаична техника на екстатично патување е присутен како „преживелица" во македонската народна традиција, а најдобар пример за тоа е оставнината на Марко Цепенков. Имено, станува збор за детектирање на шаманистички елементи што се препознаваат во фолклористичките единици запишани од Цепенков, а конкретно се однесуваат на: шаманистичките претстави за задгоробното патување на херојот, претставите за универзалниот модел за поставеноста на светот (Дрвото на светот и Оската на светот), магичниот лет по вертикала и симнувањето слегувањето во долниот свет, претставите за јунакот и неговите иницијациски патешествија, шаманската атмосферска медијаторска практика претставена во ликот на змејовитиот човек и сл. Станува збор за универзален обреден комплекс што егзистирал и на овие простори, а е вграден во човековото духовно искуство. Ваквите истражувања неминовно ја наметнуваат потребата од повлекувањето паралели од митолошки, антрополошки, социолошки, психолошки и религиозен аспект.

Клучни зборови: Цепенков, традиција, шаманизам, митологија, јунак.

Вон. проф. Велика СТОЈКОВА-СЕРАФИМОВСКА Институт за фолклор „Марко Цепенков" — Скопје

ПРИДОНЕСОТ НА МАРКО ЦЕПЕНКОВ ВО ПРОЦЕСОТ НА СОЗДАВАЊЕТО И ЗАЧУВУВАЊЕТО НА МАКЕДОНСКОТО НЕМАТЕРИЈАЛНО КУЛТУРНО НАСЛЕДСТВО

Апстракт: Ликот, делото и творештвото на Марко Цепенков како собирач на народни умотворби, но и како личност, оставаат длабока трага во македонската култура и традиција на повеќе нивоа и во повеќе сегменти во областа на фолклористиката, односно етнологијата и народната литература. Неговата собирачка дејност и изданијата во кои истааите се објавувани објавувала, во различни периоди и во различни контексти, дополнително претставуваат капитал за истражувања и од областа на културниот идентитет, антропологијата и лингвистиката, но и во областа на нематеријалното културно наследство, која кое како понова платформа се наметнува на почетокот на 21-от век.
Цепенков, неговите дела, но и неговото влијание врз градењето на општествениот живот во Македонија, претставуваат, можеби, една од клучните фигури кои обезбедиле документација, односно записи во кои, покрај народните орални усни форми, е запишан и континуитетот на македонското народно творештво врз кое се гради македонскиот културен, но и социјален идентитет. Неговата поврзаност со Димитар Миладинов остава можност за денешни исцрпни компаративни истражувања во етнологијата, етнографијата, етномузикологијата и во народната литература, односно хронолошко следење на една конретна народна форма или експресија во различни контексти. Личноста на Цепенков е и една од најголемите инспирации во современиот македонски општествен и културен простор. Како носител на името на најголемиот собирач на умотворби, Институтот за фолклор, во своето постоење, ја носи и одговорноста кон неговото дело, а тоа се потврдува и со континуираната работа на оваа институција не само во областа на фолклористиката, туку и во современата методологија на заштитата и зачувувањето на народното творештво, преку усвојувањето на УНЕСКО-вата Конвенцијата на УНЕСКО за заштита на нематеријалното културно наследство на човештвото (Париз, 2003). Повеќе од половина елаборати за заштита на нематеријалните културни добра во Македонија се произлезени токму од Институтот за фолклор „Марко Цепенков" од во Скопје, со што идеологијата и животната дејност и цел на Цепенков се одржуваат во континуитет повеќе од еден и пол век и половина. Предложениот труд ќе даде осврт на влијанието и значењето на Марко Цепенков и на неговата оставнина, во зачувувањето, заштитата и проучувањето на нематеријалното културно наследство во Македонија, во современиот контекст на заштитата на македонскиот колективен културен и етнички идентитет.

Клучни зборови: Марко Цепенков, фолклор, нематеријални нематеријално културно наследство.

Доц. Кристина ДИМОВСКА
Институт за фолклор „Марко Цепенков“ — Скопје

НАРАВОУЧЕНИЕТО КАКО ПОСЛОВИЧНО ФИНАЛЕ ВО ВОЛШЕБНИТЕ ПРИКАЗНИ НА МАРКО ЦЕПЕНКОВ

Апстракт: Паремиолошките искази (поговорки, пословици, клетви, благослови) не се туѓи на изразниот стил на Марко Цепенков кој ги инкорпорира во своите приказни како своевидно пословично финале (односно „наравоучение"), со што се заокружува приказната од почеток до крај. Најпрвин, текстов дава краток увид во усвоените дефиниции на оние паремиолошки форми коишто се јавуваат во волшебните приказни, собрани и запишани од Марко Цепенков. Во приказниве, главно, фигурираат пословичните искази (коишто се разликуваат од поговорките и пословиците, собрани, исто така, во посебен том, од Марко Цепенков), и овие укажуваат на одредени животни вистини, на животната мудрост, ука и „наукахх за „правилнотохх живеење и однесување. Текстот се стреми да ја докаже главната хипотеза дека пословичните искази во волшебните приказни, собрани и запишани од Марко Цепенков, претставуваат орнамент на оригиналниот „авторскихх стил на собирачот, како начин да се облагороди приказната, и тие имаат за цел на лаконски начин да пренесат општоважечка мудрост. Главни методи при обработката на текстот се аналитичкиот, дескриптивниот и компаративниот метод.
Заклучокот на текстот не претставува финале на заокружувањето на загатнатата тема, колку што поставува прашања: Ддали пословичните искази во волшебните приказни на Цепенков се нужни за да се заокружи приказната како целина? Дали поговорките и пословиците собрани од Цепенков треба да се „преведатхх на јазик достапен до пошироката (односно најмладата или помладата) читателска публика? Дали пословичниот јазик (полн со архаизми и дијалектизми) е корисен (и во која смисла) за зачувување на одредени традиционални вредности, мислења и ставови во 21-от век? Клучни зборови: Марко Цепенков, волшебни приказни, пословични искази, наравоучение, архаизми.

Иванчо ТАЛЕВСКИ
Универзитет Пенсилванија, Филаделфија, САД

УЛОГАТА НА ЦРТЕЖОТ ВО ТВОРЕШТВОТО НА МАРКО ЦЕПЕНКОВ

Апстракт: Овој текст претставува рефлексивен исказ на еден пресек на процеси: 1. на неколкугодишното истражување со фокус на цртежите на Марко Цепенков кое се уште трае; 2. анализа на улогата на цртежот како пристап на бележење на општествени и временски карактеристики и неговата интерпретација како оставнина и архив во контекстот на современата општествена меморија и на политичките околности во Македонија, на Балканот и пошироко; и 3. и преглед на материјалите од претстоен претстојниот мултидисциплинарен изложбен проект на авторот Иванчо Талевски, со работен наслов Васк апd Fогth: Тпе Ѕрасе iп  between, кој ќе биде претставен во Центарот за графика во Филаделфија, во САД. Овој проект користи стратегии на колаборација, инсталација, цртеж, графика и звук, со цел да елаборира на теми и концепти, какви што се: припаѓање, граници, меморија и историја. Целта е цртежите на Марко Цепенков, а и нивната интерпретација, да се третираат како катализатор. Ова излагање се стреми да ја потенцира исклучителната значајност на цртежите на Марко Цепенков, како редок пример на за автор од овие простори, кој го користел цртежот како медиум за бележење, а воедно и да поттикне поголема посветеност кон ова материјално наследство и кон неговата афирмација и понатамошното проучување, како потенцијален пристап и насока која оди спроти современото искуство на отсуство на имагинативен пристап за третирање на историјата и колективната меморија во регионот.

 

Извор:

 https://expres.mk/razbudenata-manu-so-nov-simpozium-kontra-sofiskite-tezi-za-makedonskata-nacija/