Според познатата Дарвинова теорија за еволуцијата големите живи популации, со текот на времето, би требало да стануваат генетски поразлични.

Меѓутоа, група истражувачи неодамна докажале дека генетската возраст на сите живи суштества коишто живеат на планетата, е речиси еднаква.

Научникот Mark Stoeckle од Рокфелеровиот универзитет (САД), заедно со истражувачот David Thaler од универзитет во Базел (Швајцарија), дошле до заклучок дека анализата на т.н. „ДНК баркодови“ ѝ противречи на општоприфатената претстава за еволуцијата.

Баркодирањето на ДНК-та е метод за идентификација на организмот и на неговата припадност кон одреден вид. Како баркодови се користат делови од митохондријална ДНК. Митохондриите содржат 37 гени и еден од нив, познат како COI, е исползуван за ДНК баркодирање.

Научниците објаснуваат: во учебниците по биологија вообичаено пишува дека големи, нашироко распространети популации, на пример: мравки, глувци, луѓе…, со текот на времето стануваат сѐ поразлични. Меѓутоа, најновите истражувања покажаа дека тоа не е така.

Mark Stoeckle објаснува дека на платенава со приближно 7,6 милијарди луѓе, 500 милиони врапчиња, или 100 000 пескари, генетската разновидност е „приближно иста“.

Научниците понатаму докажуваат дека живите видови на Земјата и не се така стари како што вообичаено се тврди според теоријата на еволуцијата. Според нив девет од десет видови што живеат на Земјата, вклучително и човечките, настанале од пред 100 000 до 200 000 години.

При анализа на ДНК-баркодовите на 100 000 видови, истражувачите откриле показател кој потврдува дека дури 90% од животни се појавиле во исто време кога и луѓето.