Овие деца прават огромни напредоци во нивните области, со што спасуваат животи и ја менуваат науката. Секоја чест!


17-годишната Британи Венгер ја освоила наградата на научниот натпревар на Гугл за 2012 за создавањето на вештачка нервна мрежа која открива 99% од случаите на рак на дојката. Сличен тест не бил измислен порано. Венгер го тестирала изумот на 681 примероци – 99,1% од времето бил точен. Тоа е 5% повеќе од најдобрата комерцијарлна мрежа за откривање на рак која постои денес.


17-годишната Јамини Наиду развива нов начин на третирање на зависност од метанфетамин со компјутерско моделирање. Нејзината работа напредува побрзо од онаа на најголемите научници. Нејзина желба е да стане невро-хирург.


Џошуа Мејер, директор на биотехнолошката компанија Провита има 16 години. Всушност, секој во компанијата е ученик во средно училиште. Мејер и неговиот тим работат на производ кој може да ги намали инјекциите кои пациентите со хемофилија мораат да ги примаат. Освен тоа, тие работат на развивање на летачки вакцини, односно вакцини кои ќе бидат пренесувани со комарци.

Дипика Каруп има 14 години и има развиено систем за прочистување на водата кој работи на сончева енергија. Изумот на Дипика дава чиста вода без употреба на хемикалии.


Метју Федерсен и Блејк Марграф биле во последната година од средното образование кога освоиле награда на научниот натпреват на Интел во 2011. Тие измислиле ефтин систем за лекување на ракот. Нивниот изум ја насочува радијацијата кон тенките делови кои се наоѓаат до клетките заразени од рак.


Шри Буз на 17-годишна возраст во 2011 развила техника за подобрување на состојбата на пациентите од оваријален рак кои се отпорни на третманите со хемотерапија. Денес, таа студира на Харвард и работи во лабораторија во болница каде го истражува метаболизмот на ракот и „поправање“ на ДНК.

 Извор: Факултети.мк