МЕЃУ 188 ПОЕТИ

Македонци во Светски поетски алманах

Поезијата на Радован Павловски и Никола Маџиров е вклучена во изборот на светската современа поезија подготвен од монголскиот поет д-р Хада Сендо. Тој е основач на едицијата "Светски поетски аламанах" и во печатеното издание за 2010 година објавено ова лето застепени се 188 поети од 101 земја, меѓу кои и двајцата македонски поети. Освен поезијата на Павловски и Маџиров, вклучени се стиховите и на Нобеловците Шејмас Хини и Вислава Шимборска, сирискиот поет Адонис, Германецот Енценсбергер, јапонските автори Шунтаро Таникава и Макото Оока, францускиот поет Ив Бонфоа, Томас Транстромер од Шведска и други.