Националната платформа за електронско издаваштво „Македоника“ ја објави петстотата бесплатна е-книга

Големината на овој проект, велат од „Македоника“, се препознава во афирмацијата на македонската литература, зачувувањето на книжевното наследство, поттикнувањето на читањето, како и промовирањето нови автори и модерни текстови.

- Над 34.000 регистрирани читатели секојдневно добиваат и читаат книги од богатото македонско книжевно творештво. Доволна е само едноставна и бесплатна регистрација и секој може да стане член на оваа виртуелна комуна на вљубеници во убавиот пишан збор - се вели во соопштението.

Јубилејната книга што сите ќе може бесплатно да ја читаат, независно каде и да живеат во светот, е „Требаше да се сликаме пред да се замразиме“ од Блаже Миневски.
- Станува збор за супериорен роман што спаѓа меѓу најатрактивните и највредните прозни дела напишани кај нас. Сјаен, силен и провокативен текст што се чита во еден здив - додаваат од „Македоника“.

12.05.2015

Извор: Нова Македонија