Датум: 30.07.2014, 15:32

Нови дела од „130 тома македонска книжевност“

Пет нови тома на македонски и на англиски јазик што прикажуваат важна творечка етапа од нашата културна историја длабоко поврзана со македонската национална мисла, беа промовирани денеска во „Порта Македонија“. Во делата има и 25 наслови на албански и на турски автори. На промоцијата присуствуваше премиерот Никола Груевски, министерката за култура Елизабета Kанческа-Милевска, академици, писатели, преведувачи, лектори.

- Новите пет тома претставуваат иманентно заокружување на оваа значајна едиција, која на читателите и љубителите на пишаниот збор, но и на проучувачите и истражувачите на македонската книжевност, им овозможува темелен увид во богатото и слоевито македонско книжевно творештво. Томот насловен како „Македонски литературни пројави“, приреден од академик Блаже Ристовски, содржи избрани дела од Пулевски, Цепенков, Поп Арсов, Чернодрински, Григоров Брадин, Чуповски и Мисирков, кои ја афирмираат македонската национална мисла и периодот кога нашите национални дејци ја прогласуваат идејата за македонска држава со македонски јазик, литература и култура – подвлече министерката за култура Kанческа-Милевска.

 

Извор: Дневник