На 7-мијули 2014 година,  во кафе Драма во Охрид беше промовирана книгата “Тероризам“ од авторите д-р Цане Чапрагоски, м-р Васко Николовски и м-р Ленин Јовановски.








“Бистро езеро, гледаш, белеит или од ветар синотемнеит: поле погледниш, или планина - сегде Божева је хубавина...“ - инспирирана од убавините на Охридското крајбрежје професорката Татјана Алексиќ им се обрати на присутните со стиховите на култната “Т’га за југ“.

М-р Васко Николовски им изрази благодарност на присутните што дојдоа во неговиот роден град на промоцијата на книгата што не е наменета само за студентите од Факултетот за безбедност туку за сите одговорни граѓани кои ја сфаќаат сериозноста на тероризмот.

Тој меѓу другото додаде дека чувствува задолство што како коавтор го има претседателот на “Ноќните волци“ м-р Ленин Јовановски.

Ленин, пак,  на присутните им се обрати со спонтана изјава дека до сега не добил поубав роденденски подарок од промоција на книга.

Професорката Алексиќ заврши со порака дека “книгите се чудо, читањето е кул, а читањето на плажа во тренд, затоа што бојата на кориците одговара со синилото на водите крај која и обала и да сте...“

Ди-џеј Ицко од Антена 5, бендот Back door band и златниот глас на стипендиската на Беркли универзитетот во Бостон, Мартина Блажевска им подарија на присутните вистинско музичко уживање.

Книгата “Тероризам“ може да ја набавите на Факултетот за безбедност по цена од 900 денари, а истата може да се купи и во кафулето “Ван Гог“ по промотивна цена од 600 денари во текот на месец јули.