Македонскиот уметник Глигор Стефанов  кој живее и работи во Канада изведе монументална инсталација во рамките на изложбата “On The Grand”  во Градината на Скулптурите во градот  Кембриџ, Канада.

Организаторите на изложбата, под водство на познатата професорка  Јудѕ Мајор-Гирардин од  МцМастер универзитетот во Хамилтон, одбраа петмина канадски уметници да изложат свои дела на две години: Сусан Детњилер, Наилл Донагхѕ, Тед Фуллертон, Гил МцЕлроѕ и Глигор Стефанов.
Попратниот текст во каталогот го напиша кураторот Иван Јурикиц. 

Стефанов кој беше македонски преставник на Венецијанското биенале  и   на повеќе од сто други национални и интернационални изложби,  за оваа изложба направи просторно одредено дело под наслов  “Гнездена Структура “ составено  од долги цилиндрични форми од слама, мрежа и коноп, свиткувани, вткаени и обликувани во збиени ритмички форми. Делото е поставено и вградено помеѓу две големи дрва кои формираат влез во Градината од главната улица.

Скулптурата  е поврзано со околината преку природните особености; мирисот, бојата и текстурата. Делото е апстрактно и укажува повеќе на метафоричното отколку на описното. Повикува на соединување со архитектуралната структура, енергијата, природните ритмови, примарните форми и има духовна и мисловна присутност. Тоа е економично во матерјалите и комплксно во визуелното искуство што го презентира.
Скулптурата понатаму ќе се развива во зависност од промената на сезоните и климатските елементи. Бојата на површината  ќе потемни а структурата ќе  постане по компактна. Ќе ги впива сенките од крошните на дрвата и ќе биде осветлена од летното сонце, а во зима ќе ја рефлектира светлоста од снегот.

Гнездената Структура изгледа како да ја изложува вечната јачина и телесност што заштитуваат и исто така едновремено ја покажува привременоста потсетувајќи не на  секогаш променливата природа во светот во кој живееме.

 

Известува: Г.С.