jana.njujork.jpg


Поврзување” - “Connection” -
Изложба на Јана Манева - Чупоска
во галеријата на Македонскиот културен центар во Њујорк

   Изложбата под наслов „Поврзување” (“Connection” ), на Јана Манева - Чупоска, од 16 до 29 август годинава, беше  отворена во галеријата на Македонскиот културен центар во Њујорк (Gallery MC, 549 West 52nd Street, 8th floor). На отворањето беше присутен и македонскиот амбасадор при постојаната мисија на Обединетите нации во Њујорк г-дин Слободан Тасковски.

Изложбата е финасирана од Министерството за култура  на Репоблика Македонија, а во организација на  Горазд Поповски уметник (скулптор) кој живее и работи во Њујорк.

 

 

 

 

На нејзиното прво претставување надвор од Европа, авторката  изложи триесетина цртежи изработени во комбинирана туш техника, во кои доминираат гротескни фигури.  
Јана Манева - Чупоска е родена на 22 декември 1970 година во Скопје. Дипломирала сликарство на Факултетот за ликовни уметности во Скопје во 1996 година. Специјализирала сликарство во Париз, а пост-дипломски студии по сликарство и рачна обработка на стакло завршила на Високата школа за применета уметност во Прага и на Факултетот за ликовни уметности во Скопје, со што стекнува диплома на Магистер по уметност. Член е на Друштвото на ликовни уметници на Македонија од 1996 година и на Македонската асоцијација на модни креатори од 2005 година. Учествувала на повеќе групни изложби, а самостојно изложувала во Скопје (1996), Прага (1999), Париз (2000), Скопје (2004), Охрид (2006) и Скопје (2006). Реализирала повеќе перформанси и видео-арт проекти. Се занимава и со фотографија и моден дизајн, а работи како доцент професор на Факултетот за арт и дизајн при Европскиот универзитет во Скопје.

jana.njujork3.jpg


Адреса: М-р Доц.Јана Манева - Чупоска
Букурешка 8/17
1000 Скопје
Република Македонија
Mob. +38970568016
          +38970396710
e-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.


Jana Maneva - Čuposka, MA                                                                                       
Associate Professor
Bukureska 8/17
1000 Skopje
Rep.of Macedonia
Mob. +38970568016
          +38970396710
e-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.


ПОВРЗУВАЊE

 jana.njujork1.jpgОткако постои светот и веков, луѓето уметници, низ разни техники и медиуми, го изобразуваат она со кое во својот живот најчесто се среќаваат - човечкото тело. За тоа сведочат артефактите од сите древни цивилизации на Стариот свет, за тоа сведочи и средновековната уметност, за тоа сведочи и денешната ера на мас-медиумите. Човечкото око отсекогаш било и ќе биде фасцинирано од објектот кој најчесто му е во видното поле: човечкото тело.  
 Цртежите од „Поврзување“ се уште една потврда на оваа теза, доказ за фасцинацијата од човечкото тело и од неговите можни облици, овој пат претставени преку еден специфичен медиум на изразување, преку „техниката“ туш, црн и бел туш, составен од земјени пигменти и од вода; нанесен на хартија, бела и црна, изработена од дрво; со помош на перо, направено од метал, прво загреан до одредена температура, а потоа оладен. Уште со изборот на техниката, авторката ги „поврзува“ разните (четирите) природни елементи, кои во нејзиниот алхемиски сад, во нејзиниот „атанор“ ќе се измешаат до непрепознавање, за потоа од хаосот да го устројат редот, овде претставен во облик на човечки фигури, кои во една нескротлива игра се поврзуваат меѓу себе и со самите себе, се поврзуваат со просторот и со природата, со спротивниот пол и со своите соништа. Овие фигури немаат очи, ама тоа не им пречи да гледаат силно и продорно - и да ја бараат внатрешната убавина.
 Во цртежите со туш доминира линијата: крива, права, испрекината, кружна, остра, јака... и точката - најмалата линија. Линиите си играат, се истакнуваат, се комбинираат меѓу себе и така создаваат човечки ликови: човечки фигури, човечки портрети, детали од човечко тело. Во таа игра на поврзување на линиите, човечките ликови се среќни и весели и полни со живот или се тажни и намуртени и чувствуваат болка или се празни и неодредени и не чувствуваат ништо.    
 Големите уметници од сите епохи знаеле дека за постигнување на врвна уметност, мораат на некој начин да ја „очудат“ реалноста која е нивна појдовна точка, да ја подигнат на ниво на симбол. Во цртежите од „Поврзување“, човечките фигури добиваат гротескни димензии, нивните (пре)нагласени екстремитети лебдат во просторот и на некој трансцендентален начин се поврзуваат меѓу себе, истовремено поврзувајќи ги и реалното и имагинарното. Овде фигурите се поставени во класична централна перспектива, истакнати во геометрискиот просторот, кој ним им е потчинет. Просторот во овие цртежи им е слуга на фигурите. Тој прави се што од него се бара за тие да се чувствуваат што е можно попријатно, поудобно во неговите прегратки: Адам и Ева се испреплетени во екстатичен танц, претворени во едно тело, окото на просторот ја гледа девојката од улицата со цигара в рака, на која од главата и расне куќа, во прстенот девојка се огледува..., а многуте поливалентни симболи: маска, прстен, огледало, коцка, дрво, уште повеќе ја потцртуваат надреалната онирична атмосфера.
Во цртежите со туш пресудна е цртачката вештина. За постигнување на саканиот ефект, линиите нужно мораат да бидат сосема прецизни, кристално чисти и полни со контрасти, во кои доаѓа до израз темпераментот на цртачот. Цртежите од „Поврзување“, во едно ги „поврзуваат“ гротескните ликови од туш-цртежите на големиот мајстор Питер Бројгел, ликовите од романите на Франц Кафка и од стриповите на Хуго Прат, а според наративната, чиста и симболична линија, се „поврзуваат“ и со делата на кинеските уметници.   
Тушот е обоена течност која по сушењето не може да се избрише. Целта на уметноста е да остави трага во постоењето, во времето, да ги „поврзе“ луѓето на едно повисоко духовно ниво, со што се приближува до религијата (на латински “religare” значи „поврзува“). И цртежите од „Поврзување“, преку својата апотеоза на Животот, поврзувајќи ги противречностите на повеќе нивоа, по сушењето оставаат трага која не се брише.

Атанас Чупоски

 jana.njujork2.jpg

 

Посети: {moshits}