Leonardo.DaVinchi
  ·
Леонардо Да Винчи има насликано околу 20 слики за својот 68 годишен живот. Од што едноставно, краток му бил овој единствен живот не знаел на што попрво да се посвети,што да изумува, истражува, природата, техниката или уметноста. Инженер, неверојатен во своите скици на летала, орудија машински делови, цели машини, го проучувал течењето на кртва низ човечкиот организам (некои претпоставваат дека тој го открил крвотокот).

Одвреме навреме, сликал кога има време. Каков дух, каков мозок, надвор од сите школски стереотипи дошол до откритија кои се реализирани дури во 20 ти век.
Леонардо, човекот кој ја посетил оваа планета за да не научи на нешто за кое сме ,најверојатно за жал ограничени, сеопфатен ум, отворен, тој е мистерија за која верувам да е сега жив не би рекол за себе дека е само сликар. Тој е ерудит, генијалец, а сите го знаат преку еден портрет на жена, Мона Лиза. Каде се хеликоптерите, авионите на Икарот Леонардо? Ах, таа ренесанса. Се претставувал како сликар, за да пронаоѓа.

Инаку сликите, иако 20 на број се ремек дела на сите времиња.

 Leonardo.DaVinchi1

 

Избор од фб профил на Ana Gligorova