sk-film-fest19apr

Скопскиот филмски фестивал освои награда за плакат


Сребрена награда за најдобар плакат во 2013 година, доби Скопскиот филмски фестивал. Тој е во друштво со фестивалот во Карлови Вари и со уште три други фестивали. Златното признание го доби Канскиот филмски фестивал, специјалното признание на жирито го доби постерот за 85 годишнината на Оскар. Третото место и бронзеното признание го делат вкупно 10 фестивали во светот.

sk-nagrada-plakat

Плакатот е дело на уметникот Ване Костуранов кој живее и работи во Струмица. Тој изјави дека имал целосна слобода во изразувањето и обликувањето на идејното решение.

    „Верувам дека не постои дизајнер што не би прифатил ваква понуда како голем предизвик, се разбира, имајќи го во предвид значењето и квалитетот на самиот фестивал. Оттаму се охрабрив и за ваков изглед на плакатот, сакајќи да пренесам дел од мојата естетика и сензабилитет“, изјави Костуранов.

Според авторот, генералната порака на овој палакт била за момент луѓето да се ослободат од секојдневието и преку филмската уметност да дозволат имагинацијата да ги спои со ѕвездите.

А.Б.-   http://a1on.mk/wordpress/archives/266251

Од Редакцијата на Преминпортал:

Твојот талент ја доби и меѓународната потврда.  Ване  многу не израдува. Честитки од сите нас дрaг  пријателе.