НУБ „СВ. КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“

Изложба на графики од уметникот Олексиј Федоренко ќе биде отворена во изложбениот салон на НУБ „Св. Климент Охридски” во 13 часот.
Олексиј Федоренко е познат украински графичар, кој на своите дела им дава необична, духовна содржина.
Кај него е присутна и творечката слобода и умеењето да ја разоткрие внатрешната суштина на објектот, да го оживее тоа што мисловно се издигнува меѓу реалното и иреалното, односно духовното.
Федоренко има реализирано бројни изложби надвор од својата земја, и тоа во САД, Ирска, Велика Британија.
Организатори на изложбата се Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски”, Амбасадата на Украина во Република Македонија и Здружението на Украинците во РМ „Лесја Украинка”.
Изложбата ќе ја отворат Миле Бошески, директор на НУБ и амбасадорот на Украина во РМ, Виталиј Москаленко.