Уметнички дела изгубени за навек
 

Проблемот со некои од најубавите уметнички дела во историјата е нивната неповторливост.


„Колосот од Родос“ уништен во земјотрес; „Концерт“ од Вермер, „Панорама на реката Мисисипи“ од Банвард се дел од уметничките дела изгубени во времето, кои неможат да се заменат, па така нивната единственост остана изгубена за навек.


Колососот од Родос
Грчка статуа на титанот Јелиос, подигната на островот Родос во периодот од 292 до 280 година п.н.е. Оваа статуа била создадена за да се прослави победата над владетелот на Кипар. Била висока скоро 30 метри. Меѓутоа оваа импресивна статуа е уништена во земјотрес во 226 година п.н.е.

rodos


Јоханес Вермер „Концерт“
Грабежот на сликата „Концерт“ се смета за најпознатиот грабеж во историјата на грабежи на уметнички дела. Самата слика вреди 200 милиони долари. Украдена е во 1990 година од музејот, Изабел Стујарт Гарденер во Бостон, заедно со уште 30 други уметнички дела. За жал оваа слика од тогаш никогаш повеќе не е видена.

koncert


Клод Моне „Водни лилјани“
Музејот за модерна уметност во Њујорк во 1957 година ја набави оваа прекрасна слика од Моне, за една годеина подоцна да ја изгуби во пожар, кој ја уништи засекогаш 5 метри долгата слика.

liljani


Сатерленд „Портрет на Винстон Черчил“
Овој портрет на британскиот премиер, Винстон Черчил е насликан за неговиот 80-ти роденден. Портретот бил чуван во неговиот дом, но по смртта на неговата сопруга беше откриено дека таа оддамна ја уништила сликата.

cercil

Џон Банвард „Панорама на реката Мисисипи“
Џон Банвард имал грандиозна идеја за создавање на огромна панорама на реката Мисисипи. За таа цел со месеци патувал долж реката. Па така сликата била 3,5 метри висока и 1,6 километри долга. Кон крајот на 19 век панорамата била исечена на неколку делови за да може да се чува, но деловите никогаш повторно не се откриени.

reka


Винсент Ван Гог „Сликарот накај работа“
Познато е дека Ван Гог има 6 слики кои се засекогаш изгубени. „Сликарот накај работа“ познато е дека се чувала во музејот Кеисер-Фредрих во Берлин, пред да биде опожарена за време на Втората светска војна.

slikar


Пикасно „Сликарот“
Во падот на авионот Swissair Flight 111 во Нова Скотиа, Канада на 2 септември 1998 година оваа слика вредна 1,5 милиони долари од  Пикасо е изгубена засекогаш, заедно со дијаманти и друг скапоцен накит во вредност од околу половина милијарда долари. Сите 229 патници во авионот загинале. Иако по несреќата надлежните успеале да пронајдат 98% од авионот, од сликата на Пикасо спасени се само 20 сантиметри.

pikasno
 
Објавено на 14.08.2013 во категорија Култура
Пишува: Кристина Вељаноска / Текстот не е лекториран

 

Извор: Факултети