НА КОНКУРСОТ ЗА ИЗБОР НА НАЈДОБРА ФОТОГРАФИЈА


Наградени трите најдобри фотографии со мотиви од Скопје


Зоран Ефремов - "Скопје рано"

Градот Скопје вчера ги објави избраните три фотографии од конкурсот за најдобра фотографија од Скопје. Првата награда во износ од 50 илјади денари, стручната комисија на градот му ја додели на Зоран Ефремов за фотографијата "Скопје рано", а втората награда отиде во рацете на Дарко Цветановски за фотографијата "Сообраќај". Таа изнесува 40.000 денари, додека пак третата 30.000 денари ја доби Влахо Бранѓолица за фотографијата насловена "Порта ноќе".
Во согласност со рокот на конкурсот пристигнале 53 шифрирани пликоа со фотографии. Во рамки на Конкурсот можеа да учествуваат сите: професионалци, аматери и деца, да поднесат свои фотографии, не постари од 5 години, согласно со утврдените критериуми пропишани во Конкурсот, а изборот на најдобрите 3 фотографии го изврши специјална комисија, формирана од градот Скопје.


Дарко Цветановски - "Сообраќај"

Неодамна градот објави нов конкурс за избор на три најдобри фотографии со мотиви на Скопје, на којшто може да учествуваат сите професионалци, аматери, деца и сите оние што го сакаат фотографирањето. Апликантите можат да учествуваат со фотографии од своите приватни колекции, снимени во која било општина во Скопје, во кој било временски период на едно деноноќие и фотографии снимени во која било сезона на годината. Паричните награди и годинава ќе бидат со ист износ како и минатата, а конкурсот ќе трае до 30 април 2014 год., од денот на објавувањето во средствата за јавно информирање, печатените медиуми Дневник, Вечер и Коха.


Влахо Бранѓолица - "Порта ноќе"

 

Извор: Вечер

16.01.2014 год.

+++

Друго:

Датум: 16.01.2014, 18:10
Фотографирајте го Скопје и освојте 50.000 денари

Градските власти објавија конкурс за избор на три најдобри фотографии со мотиви од Скопје. Може да учествуваат професионалци, аматери, деца и други љубители на фотографијата. Дозволено е да се пријават фотографии од приватни колекции, кои не се постари од пет години, снимени во која било општина во метрополата, во кој било период од денот или сезона.

Авторот на првонаградената фотографија ќе добие награда од 50.000 денари. Втората награда изнесува 40.000, а третата 30.000 денари. Kонкурсот трае до 30 април.

На ланскиот конкурс, како што информираат од Градот, пристигнале 53 шифрирани пликови, а за најдобра фотографија беше прогласена „Скопје рано“ на Зоран Ефремов. Втората награда отиде во рацете на Дарко Цветановски за фотографијата „Сообраќај“, а третата ја доби Влахо Бранѓолица за фотографија со наслов „Порта ноќе“.