ГО­ЛЕ­МИ СЛИКИ НА ИЗЛОЖБАТА "ПОГЛЕД НИЗ ПРОЗОРЕЦ" ВО МАЛА СТАНИЦА

Роберт Јанкулоски со фотографии од Париз

Инспирација е првата регистрирана фотографија направена како поглед од еден прозорец од Жозеф Нисефор Ниепс од 1826 година.- Фотографија на Јанкулоски на плакатот

Во Мала станица е поставена изложбата "Поглед од прозорец" на Роберт Јан­ку­лов­ски, кој изложува 20 големоформатни фотографии снимени за време на неговиот сту­ди­ски престој во Париз во септември и октомври минатата година. Во текстот од каталогот, Валентино Скендеровски, меѓу другото, вели дека иако Па­риз е неисцрпна ризница на епохални и монументални визии, на Јанкулоски не му тре­ба­ат светлостите на велеградот туку малите бизарни глетки и приказни од градот во раз­лич­ни­те временски, светлосни, атмосферски и субјективни агли, во кои се одвива слу­чу­ва­ње­то, навидум во едно деноноќие.
Ро­берт Јанкулоски е основач и директор на Македонски центар за фотографија, дип­ло­ми­рал на ФДУ на филмска и ТВ-камера, а фотографија предава на ЕСРА каде што ја одбрани магистерската и на Државниот универзитет во Тетово. Има одржано 26 са­мос­тој­ни изложби и учествувал на голем број групни изложби. Добитник е на неколку наг­ра­ди од областа на фотографијата и филмската камера.
Из­лож­ба­та е поддржана од Министерството за култура и комисијата за фран­ко­фо­ни­ја во земјава, а е по повод Меѓународниот ден на франкофонија.

Извор: Вест