На сцената на Македонската опера и балет публиката за првпат во нашата земја има можност да ужива во несекојдневна балетска уметност. Прецизните и акробатски движења на учесниците постојано предизвикуваа воодушевување кај присутните, но и громогласни аплаузи


Фото: Телеграф.мк/Радован Вујовиќ

Уникатно балетско шоу, елегантни и грациозни движења на учесниците од Државниот балет на мраз од Санкт Петербург кои вечерва ја одиграа првата од вкупно четири изведби на „Лебедово езеро“ закажни во Скопје.На сцената на Македонската опера и балет публиката за првпат во нашата земја има можност да ужива во несекојдневна балетска уметност. Прецизните и акробатски движења на учесниците постојано предизвикуваа воодушевување кај присутните, но и громогласни аплаузи.Сите учесници во претставата се балетски едуцирани, но разликата е што наместо во шпиц-патики тие настапуваат по лизгалки, а тоа дополнително ја прави привлечна оваа класична приказна.

Лебедово_езеро_на_мраз__19_.jpg

Лебедово_езеро_на_мраз__19_.jpg

Претставата трае околу час и половина со петнаесетина минути пауза меѓу двата чина. На финишот од оваа класична, но овојпат модернизирана балетска приказна публиката ги поздрави актерите со стоечки овации.Следните и последни изведби на ова спектакуларно шоу се вечерва во 21 часот и утре (17 декември) со почеток во 18 часот и последната во 22 часот.

Лебедово_езеро_на_мраз__2_.jpg

Овој спој на балетската уметност и најелегантниот спорт - уметничко лизгање е единствената задача на Државниот балет на мраз од Русија, кој е основан во 1967 година од страна на истакнатиот балетски кореограф Константин Бојарски, кој бил солист во „Марински“, со Михаил Баришников и Наталија Макарова. Музички директор и коосновач на оваа балетска куќа е Лео Коркин, кој е познат руски диригент.Балетот на својот репертоар има неколку претстави, меѓу кои и „Пепелашка“, „Ромео и Јулија“, „Заспаната убавица“, а бидејќи во моментов е на турнеја со „Лебедово езеро“, имаме можност да го погледнеме ова класично дело во еден поинаков амбиент.

 

Лебедово_езеро_на_мраз__9_.jpg

За потребите на балетот за реализација на овој спектакл потребни беа три и пол тони мраз кои се поставени на сцената на МОБ, а за да се замрзне и да биде функционално за уметниците балетани-лизгачи, потребни се цели 48 часа.Кога се соочува со набиени настапи во турнејата, трупата со себе понесува дури три лизгалишта, а тоа ѝ се случило во САД кога настапувала секој ден без пауза. За секој настап лизгалиштето е поставено на врвот на театарската сцена, а потребната ладна температура ја одржува специјализирана опрема за ладење.

 


Телеграф.мк