8 јуни 2011

euroactiv.com

Приватните часови е бизинис кој цвета во Европа, во кој родителите од Франција и Германија трошат повеќе од 3 милијарди евра годишно на дополнително образование за нивните деца, стои во новиот извештај.

И во поголемиот дел од Европа постои истиот тренд - иако сумите не се толку високи во сите држави - додека родителите издвојуваат се поголеми суми за да им обезбедат на своите деца дополнително знаење покрај државното образование, се вели во извештајот на Европската унија.

Покрај потенцирањето дека се трошат огромни суми на „образование од сенка“, извештајот истакнува како овој тренд ги продлабочува нееднаквостите во Европа, кога децата на побогатите родители имаат шанса да добијат дополнително знаење, со што се создаваат разлики кои можат да имаат долгорочни социјални импликации.

„Образованието од сенка достигна толкави мери и имаат толку силно влијание врз соцјалната еднаквост, врз економијата на знаења, врз работата во училиштата и во животот на децата и семејствата, што мора да биде истакнато“, пишува Марк Бреј, автор на книгата „Предизвиците на образованието од сенка“, која излезе минатата недела.

Извештајот е резултат на истражување кое се спроведе во различни држави во изминативе четири години, и покажува дека секторот на француското образование од сенка во 2007 вредело 2,2 милијарди евра, а се проценува дека расте по 10 проценти годишно.

Во Германија годишно се троши од 900 милиони до 1,5 милијарди евра за дополнителни часови, од кои најголемиот дел е во степенот на средното образование. Во Франција и Белгија приватните часови можат да чинат и повеќе од 30 евра по час.

Во јужна Европа, каде државното образование се стреми да го стигне она од северот, исто така има голем тренд на дополнително учење, каде родителите во Кипар, Грција, Шпанија и Португалија трошат големи суми за нивните деца, иако користа од ова е привилегија за оние деца од побогатите семејства.

Дури и во Скандинавија, која е често на врвот на глобалните листи за квалитет на државно образование, исто расте трендот на дополнително учење.

„Приватните часови многу помалку се за ученици кои имаат вистинска потреба за помош која не можат да ја добија на училиште, и многу повеќе се во врска со справувањето со конкурентските предности на веќе успешните и привилегираните“, вели Јан Трушчински, раководител на одделот за образование и култура во Европската комисија, која го подготви овој извештај.

Европска индустрија вредна повеќе милијарди

Студијата отрива дека повеќето приватни часови ги користат побогати и обично градски семејства, наспроти работничката класа. Во некои земји приватните часови се вообичаени помеѓу семејствата кои веќе плаќаат за приватно школување, со што исто така се продлабочуваат социоекономските разлики.

“Сеж е оставено на пазарните услови, со што приватните часови ги овозможуваат и ги зголемуваат неднаквостите“, вели Бреј во извештајот. „Семејствата со поголеми приходи можат да си дозволат и повеќе и поквалитетни приватни часови“.

Освен што имаат социоекономско влијание, извештајот истакнува колку голем станува бизнисот со приватните часови.

Во Франција, Белгија, Британија, Ирска и насекаде, расте бројот на компании кои обезбедуваат дополнително домашно школување.

„Индустријата за приватни часови е растечки извор на вработувања, како и начин за многу мејнстрим наставници да стекнат дополнителни приходи“, вели Трушчински. „Ова е една од причините зошто и владите и синдикатите се обидуваат да ја избегнат оваа тема“.

И покрај милијардите кои се плаќаат за приватни часови, во многу држави ова не е регулирано, па затоа давањето приватни часови е вон реалните државни даночења, се вели во студијата.

Земањето приватни часови се смета за толку важно што трошоците на родителите на Кипар и во Грција достигнува до 20 проценти од државните буџети за образование во овие држави, се вели во извештајот. ат/ссм/12:00МИА