Македонскиот победник на Прашкото квадренале
„Оваа зграда зборува (на)вистина“
се претставува на 53. БИТЕФ
(17-26 септември 2019 годна)

Во сосема неочекуван уметнички контекст и со видно заинтересирана белградска и новосадска публика, вчера за прв пат се претстави македонскиот победник на Прашкото квадренале за перформанс дизајн и простор „Оваа зграда зборува (на)вистина“  во рамки на придружната програма на најпрестижниот театарски фестивал во регионот и пошироко, 53. БИТЕФ.  
Перформансот – инсталација „Оваа зграда зборува (на)вистина“ на авторот Филип Јовановски, куриран од Ивана Васева и во изведба на актерката Кристина Леловац, имаше две изведби во холот на Главната железничка станица во Нови Сад а на барање на организаторите следуваат уште шест изведби во наредните два дена. За изведбата во Нови Сад, БИТЕФ имаше организирано специјален превоз а публиката имаше прилика да ги чуе и авторите на проектот во краток разговор со неа и да добие публикација која е дел од самата инсталација.
 Ова гостување исто така е овозможно во соработка со „Нови Сад 2021 - Европски град на културата“ и се одржува во рамки на нивната програма „Калеидоскоп на културата“.
„Оваа зграда зборува (на)вистина“ доаѓа на БИТЕФ по успешното претставување на 44-то издание на МОТ Интернационалниот театарски фестивал во Скопје а во иднина се планирани и уште неколку претставувања надвор од земјата.
„Оваа зграда зборува (на)вистина“ е составен од три дела: инсталација со перформативен дел во соработка со актерката Кристина Леловац; кратко видео насловено „Кино Култура“ и двојазична публикација.
„Оваа зграда зборува (на)вистина“ се перформира во размер 1:100 како едно кондензирано искуство од минати активности, како архива од повеќе времиња кои би требало и во живо да ни кажат: Ако успееме овде, можеме да успееме секаде! А токму тоа е и дизајнот на перформативната агонистичка заедница.
Иницијативата „Кога зградите би зборувале“ е перформативно искуство што постои од 2015 година во Железничката зграда и е поттикнато од организацијата „Факултет за работи што не се учат“ (ФР~У).  Тоа се изведува себе си и постои преку перформативноста, т.е изведува активен простор или заедница како естетски и етички процес на создавање односи и врски.  Па така, дизајнот на перформансот не е физички изградена кулиса, иако постои како архитектонски простор – киносала, туку е искуствен, обликувачки, емотивен и уметнички процес, формирачки и трансформативен, кој сака да стане заедница која ќе се грижи пошироко од уметничкото делување или прагот на сопствениот дом. Тој е составен од современ крос-дисциплинарен ангажиран пристап кој обединува елементи од визуелните и изведувачките уметности, проширувајќи го нивниот обем и рамка и се залага за зачувување на значењето на јавното и јавниот простор.
Соработници: Кристина Леловац, Биљана Тануровска Ќулавковски, Драгана Заревска, Владо Караев, Анџела Петровска, Виолета Качакова, Слободан Унковски, Борис Бакал, Симона Димковска, Марија Гелмановска, Јана Кастратовиќ, Томе Димитриевски, Ана Виленица, koma.mk, Јасмина Ѓоргиева, Бехар Далипи, Ана Василева.


Продукција: Илија Тирицовски
Менаџер на продукција: Ненад Тонкин
Видео монтажа и дизајн на звук: Сашко Потер Мицевски
Дизајн на Светло: Илија Тарчуговски
Монтажа: Горјан Атанасов,Марко Наумовски
Камера: Александар Котевски
Видео/дрон: Стојанче Цавировски
Изработка на сценографија: Владо Димоски
Конструкција: Мембранинг студио, Скопје
Тони Трајковски (Дизајн на конструкции дооел, Скопје)
Сценска техника: Иванчо Велков, Миле Крстевски

Повеќе информации имате на следните линкови:
 https://festival.bitef.rs/en/53bitef19/side-program/pq-at-bitef/this-building-talks-truly
http://novisad2021.rs/kaleidoskop-novi-sad-performans-prasko-kvadrijenale/?fbclid=IwAR2c4KZkZymzbB4RUo81ig0zCVIICLTVIDo1iwW-z13CyUA_ikW6VrDTz5Y

Во прилог ви праќаме фотографии од вчерашните изведби. Фотографии: Владимир Величковиќ, Филип Јовановски.

 

 



.