203293.b.jpg

 

Во Канада 35 илјади деца не одат на училиште

Поради новата програма на сексуално воспитување

Во градот Торонто се одржува најголемиот во историјата на Канада неделен штрајк на родителите.Сè започна минатата година кога за премиер на Канадската провинција Онтарио беше избрана Кетлин Вин – хомосексуалка. Таа практично веднаш објави дека од септември 2015 год., во основните училишта (таму учат деца од 4 – 13 годишна возраст) ќе биде воведена новата програма за сексуално воспитание, пишува „КП“.

До средината на годинашнава зима таа програма власта не им ја покажувала на родителите, но сега наеднаш ја изнесе во јавноста.

Велат дека населението доживеало шок – останало без збор. „Сексуалното воспитание“ според самите објавени термини се предвидува да започне од 6 годишна возраст. На 8 годишни деца ќе им биде раскажувано за хомосексуализмот, со позитивно наклонети приказни. Тие исто така ќе бидат запознаени со „теоријата на половите“, според која полови нема два, дури ни три, туку неколку.

Оваа програма не е за образование туку за развратување на децата, пишува списанието. За абортусот таму се вели: „Некои религиозни луѓе велат дека вршењето на абортус е опасно... тоа не е точно. Во Канада абортусите се прават во чисти услови, од страна на професионални доктори и ризикот од комликации е минимален“.

Владата на Онтарио се обидува да ги оправда своите намери за грижата на децата. Тие велат дека сакаат да го намалат бројот на малолетни бремености, да им објаснат на децата дека не мора да се согласат на однос со некого ако не сакаат, дека не смеат да си дозволат конфликти и напаѓања само врз основа на ориентацијата итн.

Но родителите не се уверени. На facebook.ca граѓаните на Торонто создадоа група за борба против таа програма. Кон крајот на февруари, во најголемиот студ, многунационалната заедница на Торонто во лицето на 800 активисти протестираше пред зградата на Парламентот на Онтарио, барајќи од власта да се откаже од таа програма. На овој протест се придружија и народните делегати и општествени дејци, активно критикувајќи ја иницијативата на списанието на Кетлин Вин. Сепак, премиерката, којашто и сама е мајка на три деца и по разводот од мажот им ја довела својата партнерка хомосексуалка, изјавила дека сите присутни на протестот се хомофоби.

Во април се одржал вториот митинг на кој присуствувале 5 илјади луѓе. Луѓето пристигнувале од разни градови на земјата: Англосаксонци, Индијци, Руси, Грци, Кинези, емигранти од африканските земји. Најорганизирани од сите биле муслиманите. „Нашиот дом гори!“ Така се изразил нивниот лидер.

Минатата недела родители се обидоа по последен пат да допрат до Кетлин Вин. Група активисти се сретнаа со неа, но таа изјави дека не планира да отстапи од својот план.

И започна штрајкот. Од 4 до 11 мај родителите на Онтарио кои не се согласуваат со сексуалната образовна програма нема да ги водат децата на школо. Секако тоа е тешко за вработените родители, особено самохраните, кои нема каде да ги носат своите деца, и тешко им е да ги платат многубројните уроци што се пропуштени во таа седмица. Но луѓето се спремни да жртвуваат сè и да ризикуваат и немаат намера да отстапат, пишува „КП“.

На првиот ден од штрајкот во понеделникот, на училиште во Торонто не отидоа 35 илјади деца. Активен протест против новото сексуално образование организираа и христијанските организации во Канада, кои први ја започнаа борбата и истата ја возглавуваат. Католиците веќе напишаа писмо до Римскиот папа, барајќи заштита на провинцијата од овие експерименти врз децата. Но кој ги слуша?

Правата на сексуалните малцинства се далеку поголеми од правата на верниците. Во Канада не смее да му се откаже услуга на хомосексуалец, дури и кога религијата го забранува тоа (во САД неодамна беше парично казнета слаткарка на сума од 135 илјади долари, бидејќи не сакаше да направи свадбена торта за свадбата на две хомосексуалки).

Без разлика на тоа што програмата сè уште не е усвоена, сексуалното „воспитание“ навлегува во земјата со полна сила. На пример канадскиот сајт „lifenews.ca“ раскажува за искуствата на една учителка хомосексуалка од Онтарио. Таа ги просветлувала своите истомисленички на конференцијата, за тоа како да им се всади на децата идејата дека хомосексуалните семејства се исти како традиционалните. Им зборувала дека почнала да ги учи најпрво децата од градинка, и тоа било „најдобро од сè“. На пример им читала книга каде што принц се жени со принц. И кога едно мочме извикнало: „Така не може да биде! Тие се двајцата машки!“, таа одговорила: „Може. Еве овде на страница бр. 12 напишано е така“. Момчето рекло: „Тоа е книга. Тоа не е вистински живот“. И воспитувачката одговорила дека ете таа е жена и е во брак со друга жена... “ Во просторијата настапила тишина. И тогаш учителката им рекла: „Ако сакате ќе ви раскажам како ние си го поминуваме времето со нашите деца“. Децата извикале дека сакаат и воспитувачката им раскажувала како децата ги носи на рингишпил, ги носи во кафулиња итн. „Зарем ова се разликува од вашите семејства?“, прашала таа. И дечињата одговориле дека не се разликува, а момчето кое на почетокот на лекцијата протестирало, после извесно размислување додало: „Да, вие сте семејство“.
Извор: Православие.ру

6 мај 2015 лето Господово

Преземено од: Бигорски манастир