Facebook од денес воведува Pages Feed


Доколку не забележавте утринава, Facebook почнувајќи од денес воведува нова Pages Feed или „ѕид за страни.“




Оваа нова секција им овозможува на корисниците изолирано да ги гледаат само објавите на фан станите и брендовите кои им се допаднале, што значи и дека ќе остане повеќе простор за објавите од пријателите.

Но што оваа новина значи за сопствениците на Фејсбук страните и како сега ќе ги промовираат своите брендови, бидеќи повеќе нема директно да се појавуваат пред очите на корисниците.

Сега тие ќе мораат да истражат што е она што би ги привлекло фановите, за да кликнат на на Pages Feed и да видат што објавила денес нивната омилена страна. Најважно е да се разбере што сакаат да читаат корисниците.

Совет: Наместо да објавувате постови за вашиот бренд, зборувајте за корисниците. Напиштете нешто што би ги заинтересирало и би ги натерало да кликнат „лајк.“ Постирајте интересни фотографии,  поставувајте прашања на кои луѓето би одговарале и бидете постојано активни.

Накратко, направете фановите самоволно да сакаат да „тркнат“ до Pages Feed или пак директно до вашата страница за да проверат што е ново кај вас.

 

 

 http://www.socialnet.mk/facebook-%D0%BE%D0%B4-%D0%B4%D0%B5%D0%BD%D0%B5%D1%81-%D0%B2%D0%BE%D0%B2%D0%B5%D0%B4%D1%83%D0%B2%D0%B0-pages-feed/