http://images.plusinfo.mk/large_pics/2013/09/07/nepismeni.jpg

 Според податоците на УНЕСКО во светот има околу 774 милиони неписмени лица, односно околу 16,1 отсто од населението повозрасно од 15 години

  Целта на УНЕСКО е со подобар пристап кон образованието од година во година да се намалува бројот возрасни лица кои не знаат да читаат и да пишуваат, како и под мотото „Мораме да го одржиме ветувањето - образование за сите" да се овозможи посетување на училиштата  за милиони деца меѓу кои повеќето се девојчиња.

 

Генералната директорка на УНЕСКО, Ирина Бокова по повод Меѓународниот ден на писменоста 8-ми Септември,  порача дека писменоста претставува повеќе од образовен приоритет.

 

Извор:
  http://www.plusinfo.mk/vest/105206/Vo-svetot-ima-okolu-800-milioni-nepismeni-lugje

С.Т.И