Во Македонија Интернет користат 1.180.704 граѓани или 56,7 проценти од вкуп­на­та популација, а на социјалната мрежа Фејсбук се приклучени 941.240 гра­ѓа­ни или 45,2 проценти.

Според податоците на спе­ци­ја­ли­зи­ра­ни­от статистички веб сајт Интернет ворлд стат, Македонците во ко­рис­те­ње­то на Интернет се пред Албанците, Бугарите, Грците, Црногорците, Ср­би­те и пред граѓаните на Косово.
Про­цен­ту­ал­но гледано, по Македонците, најголеми корисници на Интернет се Србите со 56,4 проценти, по кои следуваат Грците со 53, Бугарите со 51, Цр­но­гор­ци­те со 50 и Албанците со 49 проценти. Најмалку Интернет се ко­рис­ти во Косово каде што 20,5 проценти од населението се приклучени на он­лајн мрежата