010_kreat_ind_640
Среда, 20 Јуни 2012 17:26
Е-пошта Печати PDF

Форумот ќе помогне да се идентификуваат и промовираат креативните индустрии како перспективна и профитабилна област

На денешниот Форум за развој на креативните идустрии, во организација на Министерството за култура во соработка со Британскиот совет, беше потпишан  Меморандумот за соработка. Меморандумот го потпишаа министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска, директорката на Британскиот совет во Скопје, Елеонора Запрова, министерот за информатичко општество Иво Ивановски, градоначалникот Коце Трајановски, претседателот на Асоцијацијата на стопански комори на Македонија Златко Калеников како и ректорот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ Велимир Стојковски.

03_kreat_ind_320Министерката Елизабета Канческа-Милевска истакна дека форумот ќе помогне да се идентификуваат и промовираат креативните индустрии како перспективна и профитабилна област која, како што рече, нуди можност за широко презентирање на вештината, имагинацијата и талентот и нивно соодветно валоризирање на пазарот.

- Секторот за креативни индустрии веќе подолго време е во фокусот на интерес на Министерството за култура и на Владата на РМ, станува приоритетен развоен правец и на останатите субјекти во повеќе сфери во македонското општество. Не постои причина зошто Македонија не би била меѓу државите со најнапреден и најразвиен креативен сектор во Европа, со оглед на потенцијалот што како држава го поседуваме, рече Канческа-Милевска. 

Директорката на Британскиот совет во Скопје, Елеонора Запрова, истакна дека креативните индустрии во едно општество секогаш ја играат улогата на двигатели, иницијатори и катализатори на целокупниот напредок на една земја.

-„ Обединетото кралство е земја која може да сподели многу искуства за развојот и негувањето на креативните индустрии, а Британскиот совет ја има улогата на иницијатор на нови меѓународни соработки, катализатор на нови идеи и поврзување и вмрежување на професионалци во оваа област“, истакна Запрова.

01_kreat_ind_640

Во Европа креативните индустрии се сметаат за еден од најнапредните и најистакнати сектори во општеството и секојдневно бележат висок степен на раст. Експертите од Велика Британија, денеска ги споделија своите искуства во врска со значењето на креативните индустрии со македонските креативци. Тие говореа за мапирањето на овој тип индустрии во Британија, за технологијата и креативноста, а воедно презентираа и различни технолошки трендови во британскиот медиумски сектор.

Извор: Министерство за култура на РМ