Пештерски цртежи од пред 40.800 години


Со најновите истражувања по прв пат е прецизно утврдено дека пештерските цртежи од доба на палеолитот, на северот на Шпанија, се најстарите во Европа. Тие се стари 40.800 години, или 10.000 години постари одошто се мислело. Според научниците, ова значи дека цртежите ги насликале или претставниците на првиот модерен човек, за кој се сметало дека овој регион го населил пред 41.500 година или, пак, на неандерталецот.

Староста на праисториските цртежи е востановена со утврдувањето на староста на ситните сталактити кои ги покриваат цртежите со помош на радиоактивното распаѓање на ураниумот. Истражени се вкупно 11 пештери во северниот дел на Шпанија.

Извор: Вечер