Скопје, 4 јуни 2012 (МИА) - Министерката за култура Елизабета Канческа  - Милевска е годинашен добитник на престижната гран-при награда за културен менаџмент која ја доделува меѓународната академија „Михаил Еминеску“.

Наградите на меѓународната акaдемија се доделуваат секоја година на личности кои даваат особен придонес во културното живеење на национално и меѓународно ниво. Основачи и членови на оваа меѓународна академија се и двајца лауреати на Нобеловата награда, соопшти денеска Министерството за култура.

Гран-при наградата за културен менаџмент ќе и биде доделена на министерката за култура за еден месец, на заеднички настан кој ќе го организираат Министерството за култура и Амбасадата на Романија во Репблика Македонија.

Церемонијата на доделувањето на признанијата се одржа во реномираниот универзитет во Крејова, Романија, на 1 јуни. На овој универзитет своето образование го стекнале голем број странски интелектуалци. лв/скс/12:19