Општина Бутел ќе го расчисти просторот околу Римскиот аквадукт во Визбегово и ќе изгради пристапни патишта. Надлежните го чекаат Градот да ги заврши измените на Генералниот урбанистички план со кои треба комплетно да бидат дефинирани содржините на просторот околу споменикот, а потоа да започнат и со неговото уредување. Општинарите паралелно водат разговори и со Конвзерваторскиот центар на Скопје и со Управата за заштита на спомениците на културата на Македонија за реставрација и конзервација на аквадуктот. Заедно со овие две институции ќе се изготвува проектот со кој треба да настапат пред невладините организации и пристапните фондови од кои треба да добијат средства за рестраврација и конзервација на споменикот.

Надлежните од Бутел велат дека местото каде што се наоѓа Римскиот водовод, а кое сега поради долгогодишната негрижа е преполно со ѓубре, по завршување на предвидените активности ќе се претвори во убаво шеталиште со урбана опрема и придружни објекти за одмор и ќе претставува привлечно место за туристите. (Сн