Татјана Јованова

TVIT322
  ·
✥Да ја имаш Лидија од Македонија, првата христијанка во Европа.

✥ Да го имаш 1100 години Свети Наум и неговиот манастир, 1000 години Бигорски, 1100 години Свети Климент и Плаошник што е 300 години пред ренесансата во Европа.

✥Да го имаш Богомилското движење како прво протестантско учење во Европа 6 века пред другите слични движења.

✥Да го имаш Курбиново со фреската Ангелот од Курбиново стара 900 години, кој го има во истоименото село и само во црквата Равена и никаде на белиот свет на друго место.

✥Да ја имаш Охридската книжевна школа неколку века пред Болоња.

✥Да го имаш Галичник со уникатните зографи и ремек делата од дрворези на тамошните мајстори.

✥Да го имаш Танец со Тешкото, Драчевка, Малешевка, калајџиско и други ора и песни со ритам 7/8 за кои светот станува со овации и се чуди.

✥ Да ги имаш најубавите народни носии и шари.

✥Да го имаш Делчев со најпрогресивната реченица на овие простори.

✥Да ги имаш Мисирков, Рацин, Конески, Анастас Коцарев, Петре М. Андреевски, Стефановски Горан и Влатко, Ацо Шопов, Гане Тодоровски....

✥И уште колку многу имаш мој народе!!!

 TVIT109

TVIT35

 Март 2023 лето Господово

 TVIT52

ФБ профил на Татјана Јованова