TViTer269


Еве постам
Веќе долг период, години наназад  постам, а особено  последнава година, секој ден го постам.
Постам, не ги јадам лагите кои ми ги сервираат, зошто се грозни.
 не ги јадам ни  перфидните манипулации, тие се со горчлив и остар  вкус.
Лицемерните душебрижнички обиди- и  немаат некаков вкус, ама сепак не ги јадам...
Слаткоречивите празни зборови, знаат да ми направат проблем, примамливи се и често ме искушуваат ама научив да го тргам погледот од нив.
Постам и камењата кои ми ги даваат за ужина  ги редам во кутијата под креветот.
И покрај се продолжувам да се борам со нив и'  им велам дека постам,
 но никој не разбира што значи тоа
Им велам тешко е, не ми е вкусно тоа што го нудите , грозно е, одвратно е, не е ни здраво,   борбата е исцрпувачка,  се преморувам брзо,   не сум постела порано, почетник сум, не знам да се справам со новата ситуација, опаѓам со духот, плачам , често плачам, во себе, сакам да се откажам ама не сакам да ги оставам започнатите работи недовршени,
И покрај мојата исповед  продолжуваат да се смеат на глас, и уште толку ми сервираат храна која не можам а, и не сакам да ја пробам....
Пред шест месеци, во грлото ми се заглави кнедла. На почетокот мислев дека не е нешто сериозно, и дека така сама од себе ќе помине.  Не помина.
Никако не можев да се ослободам со неа, помина еден месец,  пиев  вода, вториот месец консумирав и темјан  (Светогорскиот ми беше највкусен) ама болката не стивнуваше напротив се зголемуваше се повеќе од ден во ден. Бев исплашена ...
 Моја ближна сестра ми рече – пробај со елеј! И тоа го сторив, пробав со елеј, на почетокот имаше благо  подобрување, но  не целосно. Кнедлата не растеше, ама за жал не можев да се ослободам од неа. Многу болно и непријатно чувство.
Така научив да постам....
Не можев да им  ги проголтам зборовите, барав со дела да ми  покажат за да разберам.
Не знаеја како се прави тоа, па почнаа со напади,  сум била разгалена и сум пребарувала... ( иди бегај бре, земи тоа што ти се нуди не туку пребарувај) така често велеа....
Плачев, и не знаев што повеќе ме болеше и ми ја кинеше душата
Имав толку многу работи да кажам,а не можев....
Ја затворив вратата и се заклучив. Ко за беља тогаш дојде цела толпа луѓе и тропаа, викаа, ме бараа, ми досаѓаа, некои дури сакаа да ме распнат зошто не можев да изустам ни збор.... јас сепак седев заклучена и не отварав никому.
Најпосле дојде виновникот што ми ја понуди кнедлата да ја каснам. Виновникот поради кого бев во болна и тешка состојба. Стоеше пред вратата, ме замоли да го пуштам. Не го очекував... ко гром од ведро небо дојде.....
Тропна повторно, отвори да разговараме
 - рече.
Реков ќе се соочам со него, па јас не сум кукавица да бегам.
Ја отворив вратата.
Беше дотеран, смирен, и насмеан .....видов држеше во раката нешто покриено со бела крпа. Ми рече земи од ова, за тебе го донесов,  "претходниот пат не беше како што треба"  не се погоди, ама еве " дај  уште една шанса", ќе видиш дека сум го подобрил рецептот и сега ова е повкусно од претходното. Ама и ти мора да промениш некои работи, на пр: полека џвакај, не зборувај додека џвакаш, не диши кога џвакаш, не трепкај додека џвакаш....
Бев скептична  и не сакав да пробам, ама во последен момент паднав во искушение.
Беше кнедла, иста како првата, само во различна форма. Сепак кнедла си е кнедла, колку и да ја менуваш не може да се смени, си останува секогаш онаква каква што ја креирал мајсторот.
Ништо посебно, џабе толку фалби и празни зборови.
Не сум јас за ова......
Му реков (цитирам) Збогум , и  не ми доаѓај повторно, не сакам ништо повеќе да земам од тебе, кога ти  не се трудиш  воопшто барем нешто минимално да промениш  ниту да подобриш .
Не се изненади од мојата реакција, само се извини, но моите зборови  како и да е, не допреа до него.
Истиот момент почувствував огромно олеснување. Се ослободив од кнедлата која ме притискаше цели шест месеци. Успеав да ја проголтам! Решението било сепак во соочувањето на проблемот, прифаќање на реалноста и борбата, а не во бегството.
 Успеав и од тогаш реков дека ќе постам.
Ќе бидам внимателна. И ќе внимавам на храната која  ја споделувам јас лично со ближните.
Нема да вкусам храна која е штетна, и ризична. Од која се чувствувам убаво, и силно ама истотака можам и да се отрујам. Реков ќе постам, и сето она што е примамливо ќе го потиснувам во мене. Така и правев. Ги потиснував желбите, и љубопитноста.
Сама себеси се потиснав. Еве до сега поминаа неколку месеци, и добро издржувам со постот. Извлеков добра поука од сето ова. Понекогаш помислувам да излезам со другарките во парк  и да си каснам од оние големи и убави празни овошки, без никаква хранлива вредност, ама сепак се предомислувам зошто знам дека тоа ќе биде само трошење време без никаков бенефит. Само моментален привид на исполнетост.
И така со сите мисли што ми прелетуваат во глава, успевам некако да се справам.
Зошто сепак јас постам.

·(Обновено-фб)

Nina Pop-Ivanova