abortyi_600x316.jpg

24 август 2015 лето Господово

На сите страни луѓето излегуваат на протести со пароли „Државни службеници тргуваат со детски органи“ „Бараме неизоставно распуштање на Федерацијата“, и „Прекратете го финансирањето на убиствата на деца“.

Учесниците на протестите бараат неизоставен прекин на финансирањето на Федерацијата. Како што соопштува The Washington post ова се најмасовните протести во последните 20 години во САД.

Ваква реакција предизвика видео клипот објавен од страна на „Центарот за медицински развој“. Видеото со вишиот директор на Федерацијата, Дебора Нукатола (Советник на претседателот Обама) и генералниот директор на организацијата Сесил Ричард, снимени со скриена камера, содржи шокантни детали. Тука Нукатола јавно преговара со потенцијалниот купец за цената на детските органи, извадени за време на абортуси во подоцнежна бременост. Овие снимки безусловно докажуваат дека вишото раководство на Федерацијата за планирање на семејството, веќе десетици години заработува на абортусите и продажбата на органи и ткива од абортираните деца. Видеото докажува исто така дека абортусите се прават така што да може „максимално да се сочуваат органите“. Жените на коишто им е неопходно да им се направи абортус „поради патологија на плодот, некомпатибилен со животот“ за ова се известени дури во шестиот, седмиот, па дури и осмиот месец од бременоста.

„Тие продаваат органи на бебињата, ќе му ги отсечат на пример мозокот или белите дробови додека срцето на бебето сѐ уште бие“, тврди Кристијан Хокинг, од антиабортусното здружение „Студенти за животот“. „Толку многу жени измамени, толку деца убиени и сето тоа заради супер профит. А за сето ова плаќаме ние, даночните обврзници, давајќи ѝ на Федерацијата пола милијарда долари годишно“.

„Искрено се надевам дека поради тоа што апсолутно незаконската дејност на Федерацијата за вршење на абортуси во подоцнежна бременост, со цел продажба на органите и ткивата, стана достапна за јавноста – најпосле ќе ѝ се стави точка на оваа организација“, изјави извршниот директор на Американската лига „Во заштита на животот“ Џин Седлак.

И покрај тоа што протестите се одржуваат по целата земја и во нив земаат учество илјадници луѓе, американските медиуми практично не известуваат за овие настани.

Извор: Правмир