IvicaTodorov

 

Oдговара: Презвитер Ивица Тодоров

ПРАШАЊЕ: (од Тони ) - Како да стапам во контак со духовник од нашата Црква. Потребен ми е разговор.

 

 Брате Тони, убава е твојата желба да се обратиш, да поразговараш со некој духовник од Црквата Христова. Црквата, како заедница на ученици Христови е како духовна мајка која им помага во процесот на духовно растење на своите членови, или поточно кажано - чеда. Доколку ти самиот се уште ја имаш во себе желбата да разговараш со некој духовник, еве, јас ти предложувам да дојдеш во просториите на Македонската архиепископија (белата зграда спроти Соборниот храм "Св. Климент" и да ме побараш, презвитер Ивица Тодоров, или јави се на следниот телефонски број: 3118 - 396), па по разговорот можеме заеднички да извлечеме некои понатамошни насоки.