Nauchna.konf.CHupovski.Misirkov2

28.10.2022
СКОПЈЕ
МАЛИТЕ САЛИ НА МАНУ

ЗАВРШНА НАУЧНА КОНФЕРЕНЦИЈА НА ТЕМА

МАКЕДОНСКОТО НАУЧНО–ЛИТЕРАТУРНО
ДРУГАРСТВО ВО С.–ПЕТЕРБУРГ,
ДИМИТРИЈА ЧУПОВСКИ И КРСТЕ П. МИСИРКОВ

ПРОГРАМА
НА НАУЧНАТА КОНФЕРЕНЦИЈА

1 СЕСИЈА
10:00 – 12:00

Aкадемик Љупчо КОЦАРЕВ, претседател на МАНУ
Поздравна и уводна реч

Aкадемик Катица ЌУЛАВКОВА, МАНУ
Концепцијата на македонската нација во актите на МНЛД —
С.–Петербург (историски, етно– културни, јазич ни, верски,
територијални и политички аспекти)

Aкадемик Витомир МИТЕВСКИ, МАНУ
Првата национална програма на македонското научно–
литературно другарство во Санкт Петербург и Македонија денес

проф. д–р Златко КРАМАРИЌ
Член на МАНУ надвор од работниот состав (Загреб)
Може ли нациите да пропаднат?

проф. д–р Ганка ЦВЕТАНОВА
Институт за социолошки и политичко правни истражувања — Скопје,
Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје
Стандардизацијата на македонскиот јазик како извор на
политичката легитимност на македонската нација

проф. д–р Симона ГРУЕВСКА–МАЏОСКА
проф. д–р Александра ЃУРКОВА
Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“ — УКИМ, Скопје
Заложбите на Чуповски и Мисирков за стандардизација
на македонскиот јазик

проф. д–р Ристо СОЛУНЧЕВ
Филозофски факултет — УКИМ, Скопје
Историзмот на Мисирков и Конески:
биднина, настанување и траење

Дискусија

Излагањата ќе траат по 10 мин., а дискусијата ќе се води на крајот на првата и на втората сесија.

 Nauchna.konf.CHupovski.Misirkov

2 СЕСИЈА
12:30 – 15:00 

проф. д–р Билјана РИСТОВСКА–ЈОСИФОВСКА
Институт за национална историја — Скопје
Првите македонски културно– национални и научни здруженија и
публикации во емиграција: улогата на Ѓорѓија Пулевски

проф. д–р Митко ПАНОВ
Институт за национална историја — Скопје
Наративната стратегија во списанието „Македонски глас“
(1913/14 г.) За историјата на Македонија

проф. д–р Силвана СИДОРОВСКА–ЧУПОВСКА
Институт за национална историја — Скопје
Улогата на списанијата Лоза (1892), Вардар (1905) и
Македонски глас (1913– 1914) во афирмацијата
на македонската национална свест

проф. д–р Димитар ПАНДЕВ
Филолошки факултет „Блаже Конески“ — УКИМ
Улогата на Лав Шах– Паронианц во афирмацијата на македонија и
во издавањето на „Македонски глас“ (орган на приврзаниците на
независна Македонија 1913– 1914)

проф. д–р Искра ТАСЕВСКА ХАЏИ–БОШКОВА
Филолошки факултет „Блаже Конески“ — УКИМ, Скопје
Списанието македонски глас во контекст на македонската
културна традиција

д–р Бошко КАРАЏОВ
филозоф, теоретичар на културата и самостоен научен истражувач
Македонското научно– литературно другарство и идејата за
националната, културната и политичката автономија како дел
од македонската филозофска традиција

доц. д–р Иван ИВАНОВ
Александра ИЛИЕСКА
Меѓународен Балкански Универзитет — Скопје
Митот за балканската федерација

проф. д–р Васил ТОЦИНОВСКИ
Катедра за македонски јазик и литература
на Филозофскиот факултет во Риека, Хрватска
Родољубивиот поетски манифест на Димитрија Чуповски

Дискусија

Nauchna.konf.CHupovski.Misirkov1

 1 СЕСИЈА

СОДРЖИНА

Aкадемик Љупчо КОЦАРЕВ
Уводна реч по повод научната конференција
„Македонското научно–литературно другарство во С.–Петербург,
Димитрија Чуповски и Крсте П. Мисирков“
Aкадемик Катица ЌУЛАВКОВА
Концепцијата на македонската нација во актите на МНЛД —
С.–Петербург (историски, етно–културни, јазич ни, верски,
територијални и политички аспекти)
Aкадемик Витомир МИТЕВСКИ
Првата национална програма
на македонското научно–литературно другарство
во Санкт Петербург и Македонија денес
проф. д–р Златко КРАМАРИЌ
Може ли нациите да пропаднат?
проф. д–р Ганка ЦВЕТАНОВА
Стандардизацијата на македонскиот јазик
како извор на политичката легитимност
на македонската нација
проф. д–р Симона ГРУЕВСКА–МАЏОСКА
проф. д–р Александра ЃУРКОВА
Заложбите на Чуповски и Мисирков
за стандардизација на македонскиот јазик
проф. д–р Ристо СОЛУНЧЕВ
Историзмот на Мисирков и Конески:
биднина, настанување и траење

 1 СЕСИЈА

СОДРЖИНА

Уверени дека револуционерниот пристап не е доволен за Македонија да се
ослободи од Отоманската империја, а македонскиот народ од колонијал-
но–асимилаторските пропаганди на Бугарија, Грција и Србија, членовите
на МНЛД (Македонската колонија) во Санкт Петербург ги поставуваат ос-
новните теориски постулати на македонската нација. Теориски гледано,
македонската нација на почетокот на 20 век е конципирана во основачки-
те и дипломатските акти на МНЛД — С.–Петербург според доминантниот
етно–национален европски образец. Таа концепција е рефлексија на ре-
левантната научна парадигма на нацијата и заснована врз објективни фак-
Дваесет осми октомври две илјади дваесет и втора година се навршуваат
сто дваесет години од основањето на Македонското научно–литературно
другарство во С.–Петербург. Оваа година овој јубилеј се одбележува на два
начина. Прво, со научната конференција „Македонското научно–литератур-
но другарство во Санкт Петербург, Димитрија Чуповски и Крсте П. Мисир-
ков“, на којашто бројни обраќања ќе имаат еминентни научници и дејци.
Второ, на 28 октомври 2022 година во издание на издавачката куќа „У Ни-
китских ворот“ од Москва, ќе излезе, во превод на Олга Панкина, драмата
„Последниот ден на Мисирков“ од Јордан Плевнеш.
aкадемик Катица ЌУЛАВКОВА, МАНУ
aкадемик Љупчо КОЦАРЕВ
претседател на МАНУ
КОНЦЕПЦИЈАТА НА МАКЕДОНСКАТА НАЦИЈА
ВО АКТИТЕ НА МНЛД — С.–ПЕТЕРБУРГ
(ИСТОРИСКИ, ЕТНО–КУЛТУРНИ, ЈАЗИЧНИ, ВЕРСКИ,
ТЕРИТОРИЈАЛНИ И ПОЛИТИЧКИ АСПЕКТИ)
УВОДНА РЕЧ
ПО ПОВОД НАУЧНАТА КОНФЕРЕНЦИЈА „МАКЕДОНСКОТО
НАУЧНО—ЛИТЕРАТУРНО ДРУГАРСТВО
ВО С.—ПЕТЕРБУРГ, ДИМИТРИЈА ЧУПОВСКИ
И КРСТЕ П. МИС
Клучни зборови: Мисирков, Чуповски, „Сепак се движи“, балкански рис
Клучни зборови: МНЛД–С.–Петербург, македонски народ, етно–национален об-
разец, етнографско и јазично единство на Македонија, етно–културни друго-
сти, европска парадигма на нацијата
1 СЕСИЈА | МАНУ
ти: историографски, демографски, етнографски, етнолошки, филолошки,
фолклористички, културолошки, лингвистички и социолошки. Во неа се
проектираат традиционалните сфаќања на поимот етнос во етно–културна
смисла, како и современите политички маркери на демосот (граѓани, др-
жавјани, население).
Во официјалните основачки и други акти на МНЛД — С.–Петербург од поче-
токот на 20 век (1902–1917), како и во авторските трудови на нејзините ос-
новачи и истакнати членови (Д. Чуповски, К. Мисирков) македонската нација
е дефинирана во контекст на залагањата за нејзината државно–политичка
автономија. При тоа се земени предвид повеќе чинители кои ја сочинуваат
не само етничката, туку и етно–националната препознатливост на Македон-
ците: македонскиот етно–географски интегритет (неделливост), јазичниот,
културниот и историскиот континуитет од античката до современата епоха,
како и христијанската традиција поврзана со Охридската архиепископија.
Но, иако се заснова врз начелото на „етнографско и јазично единство на
Македонија“ (1902), оваа концепција ја има предвид и разликата меѓу маке-
донскиот етнос и македонскиот демос. Во споредба со соседните држави–
нации, таа е далеку поинклузивна по однос на спецификите на малцинските
етно–културни другости на македонската територија. Македонската нација,
имено, требало да ги поврзе граѓаните не само со чувството за истородна
етнокултурна припадност, туку и со трансетничките, државни интереси: со-
цио–економски, политички и правни.
aкадемик Витомир МИТЕВСКИ, МАНУ
ПРВАТА НАЦИОНАЛНА ПРОГРАМА НА
МАКЕДОНСКОТО НАУЧНО–ЛИТЕРАТУРНО ДРУГАРСТВО
ВО САНКТ ПЕТЕРБУРГ И MАКЕДОНИЈА ДЕНЕС
Програмата и Меморандумот на МНЛД во Санкт Петербург имаат непро-
ценлива вредност за македонската наука и култура воопшто. Тие докумен-
ти даваат продлабочен увид не само во состојбата на македонскиот народ
во тоа време туку наедно укажуваат и на патот кон разрешување на пра-
шања и проблеми кои се од витално значење за опстанокот и просперитет
Апстракт Апстракт
Апстракт АпстрактАпстракт
проф. д–р Златко КРАМАРИЌ (Загреб)
Дописен член на МАНУ
МОЖЕ ЛИ НАЦИИТЕ ДА ПРОПАДНАТ ?
Во текстот „Може ли нациите да пропаднат?“ ќе ја испитаме можноста мо-
дерната нација едноставно да исчезне, поради одредени околности и хро-
ничен неуспех на инклузивните институции. Текстовите во коишто на К. П.
Мисирков ја дефинираше македонската нација како par excellence лингвис-
тичка заедница ќе послужи како почетна точка на оваа анализа. Имено,
овој факт значително ќе влијае врз иднината на македонската нација.
Клучни зборови: нација, јазик, идентитет, моќ, институции
Клучни зборови: Програмата и Меморандумот на МНЛД, Законот за основање на
МАНУ, македонски народ.
проф. д–р Ганка ЦВЕТАНОВА
Институт за социолошки и политичко правни истражувања — Скопје,
Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје
СТАНДАРДИЗАЦИЈАТА НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК КАКО ИЗВОР НА
ПОЛИТИЧКАТА ЛЕГИТИМНОСТ НА МАКЕДОНСКАТА НАЦИЈА
Ерата во којашто започнала стандардизацијата на колоквијалните јазици
воедно го означила и почетокот на исцртувањето на контурите на нацио-
нализмот како феномен којшто датира од поновата светска историја. Спо-
1 СЕСИЈА | МАНУ
на македонската нација и култура. Една паралела со нашата современост
покажува дека многу од проблемите со коишто се судирал македонскиот
народ кон крајот на XIX век, за жал, во последниве децении повторно ста-
нуваат актуелни. Тој факт им дава дополнителна вредност на Програмата и
Меморандумот, бидејќи ставовите што во нив ги застапуваат членовите на
МНЛД, со својата мудрост и далекувидост можат да послужат како насока
за нашата борба за национален опстанок и развој денес и во иднина. По-
себно значење на овие документи е што во нив се утврдени начелата на
МНЛД, кои подоцна ќе влезат и во Законот на МАНУ при нејзиното осно-
вање, со што врската меѓу двете институции станува суштествена и генетска.
Апстракт
Клучни зборови: Крсте П. Мисирков, МНЛД, стандардизација на македонскиот
јазик, македонска нација, политичка легитимност
1 СЕСИЈА | МАНУ
проф. д–р Симона ГРУЕВСКА–МАЏОСКА
проф. д–р Александра ЃУРКОВА
Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“ — УКИМ, Скопје
ЗАЛОЖБИТЕ НА ЧУПОВСКИ И МИСИРКОВ
ЗА СТАНДАРДИЗАЦИЈА НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК
Првите обиди за стандардизација на македонскиот јазик датираат уште
од средината на 19 век, како впрочем и кај останатите јужнословенски и
други народи (Партенија Зографски, Ѓоргија Пулевски и др.). Особено мес-
то има учебникарската дејност (1857–1880) во Македонија, но најзначајни-
те обиди за кодификација и стандардизација на македонскиот јазик се
од почетокот на 20 век, со делата на Чуповски, Мисирков и др. Димитрија
Чу пов ски, како еден од основачите на Македонското научно–литературно
другарство во Петербург, учествува во изготвувањето на првата македон-
ска национална програма, во која за прв пат е воведен македонскиот сов-
ремен јазик како службен (Устав од 16.12.1903, член 12), на којшто е објавена
Апстракт
ред најзначајните модернистички теории за нацијата и национализмот,
стандардизираните јазици претставуваат основа и извор на политичката
легитимност на секоја една нација.
Токму во таа смисла македонските дејци и членови на Македонското научно
литературно другарство (МНЛД) ценеле дека чинот на стандардизација на
македонскиот литературен јазик е рамносилен на одделувањето на Маке-
донците во посебна словенска народност и еден од најважните чинители
за разрешување на целокупното македонско прашање. Оттука, на праша-
њето на македонскиот јазик му посветиле централно место во нивните
прог рамски документи и Уставот на Другарството.
Крсте П. Мисирков, во рамки на својата научна дејност и како еден од пот-
писниците на МНЛД, го дал најголемиот придонес во насока на стандарди-
зација на македонскиот јазик. Во рамките на овој труд, ќе бидат разгледа–
ни заложбите за стандардизација на македонскиот јазик на Крсте П. Ми-
сир ков и тоа од аспект на важноста на овој чин како извор на политичката
легитимност на македонската нација и како конститутивен елемент на ма-
кедонскиот национален идентитет.
Клучни зборови: Димитрија Чуповски, Крсте Мисирков, Македонско научно–
литературно другарство, стандардизација, македонски јазик
АпстрактАпстракт
проф. д–р Ристо СОЛУНЧЕВ
Филозофски факултет — УКИМ
ИСТОРИЗМОТ НА МИСИРКОВ И КОНЕСКИ:
БИДНИНА, НАСТАНУВАЊЕ И ТРАЕЊЕ
Есејот е рефлексија за начелото на историзмот во мислата на Мисирков и
Македонското научно–литературно другарство во С.–Петербург и контину-
итетот на идеите воспоставен со и кај Конески. Авторот ги поврзува нив–
ните позиции со онтолошките ставови на Ниче. Искористен е филмот „Не-
бото над Берлин“ на Вим Вендерс, како фон врз којшто се насликани пра-
шањата за историјата и историзмот. Конески се надоврзува на Мисирков
и петроградците и го потврдува повесното (збиднинско/собитијност) згус-
нување на македонската самосвест во поим. Мисирков и Конески длабоко
го мислат времето и се философи во една Ничеанска смисла затоа што ги
едначат поимите бидност/биднина и настанување. Според Ниче највисо-
киот облик на онтолошка спекулативност е сфаќањето оти битието е нас-
танување кое во секој миг се множи себе како мноштво и, со тоа, форми-
ра разлики во времето. Оној кој нема историја, нема слобода. Слободата,
имено, се состои во тоа, едно „згазено племе“ да го прифати сопственото
страдање како супстанцијално различно и историски битно. Со слободата
започнуваат човечките војни и историските диференцирања на народите
како потврда на самата сушта динамичка онтологија на светот. Сите текс-
тови и статии на Мисирков и Конески говорат за Македонците како за нас-
1 СЕСИЈА | МАНУ
и првата книга за кодификација на македонскиот јазик „За македонц-
ките работи“ на Мисирков (1903) и првото научно–литературно и опште–
ствено–политичко списание „Вардар“ (1905), потоа првата карта на етнич-
ка Македо нија на македонски јазик (1913) и 11 броја од македонското
списание „Македонскій Голосъ“ („Македонски глас“) (1913–1914). Чуповски
прави подготовки и за отворање македонски училишта, изработил маке–
донско–руско речник со кратка македонска граматика и др., со што Маке-
донското научно–литературно другарство ја постави основата на денеш-
ната Македонска академија на науките и уметностите, а делото „За маке-
донцките работи“ на Мисирков — основата на современиот македонски
стандарден јазик.