Одговори на Вашите прашања    

Одговара: отец Горан Стојчевски

 

Прашање од Велцо:

Почитувани но јас мислам дека во луѓето има се помалце непосесивна љубов//христиански/но само тн. љубов меѓу половите која не навлегува во духовноста.Дали се согласувате дека тоа е огромна пропаганда на оние светски владетели чии бог е луцифер, и дали мислите дека сите свети христиански цркви треба да се обединат против зверотн и неговите следбеници пред да биде предоцна.Со почит Ваш верник.

Одговор:  

Фоербах, кажал е нешто по што ќе биде секогаш запаметен, „човекот е она, што го јаде„.(Проценете што јаде денес најмногу човекот?) За нас христијаните е многу важно да се храниме со Христа Исуса, со Неговата Вистина, со Неговите дела, со Неговата Љубов, и секако што почесто да пристапувме кон Светата Причест и да соединиме со Него преку примањето на Неговото Тело и Крв. Значи, ако живееме христијански, светот по тоа ќе не познае, ако имаме љубов помеѓу нас. Да се грижиме да ја имаме Христовата љубов и таа да ја пренесуваме на ближните и на светот, да се грижиме ние да живееме ние да живееме во покајание и љубов, за се друго се грижи самиот Бог, ако е Бог со нас кој ќе е против нас.