TVIT731

„Не е подвигот, туку едноставноста и смирението што го покажуваат Бога“ - Свети Јован Лествичник
Колку и да правиме надворешни подвизи, ако немаме едноставност на умот и смирение во срцето ќе останеме без учество во Благодатта. Духовната промена се случува од внатре кон надвор, а не обратно. Со менување на надворешното однесување или навики без промена на умот и срцето не постигнуваме ништо.
Едно е да се облекувате скромно, а друго е да бидете скромни.
Едно е постот од храна, а друго е постот од страстите.
Едно е да зборуваш учтиво, а друго е да имаш добрина.
Едно е да се понижуваш, а друго е да се биде понизен.
Едно е да држиш бројаница, а друго е да се молиш.
Едно е да се зборува за Бог, а друго е да се зборува со Бога.
Едно е да се молчи со јазикот, а друго е да се молчи од пресметливост.
Едно е да сакаш правда, а друго е да љубиш.
Едно е да одиш во црква секоја недела, а друго е да живееш како христијанин секој ден.
Едно е да се зборува за духовното, а друго е вистински да се покаеш.
Бог не ја гледа надворешноста, туку пред сè го познава „внатрешниот човек“, нашите предиспозиции, нашето расположение, нашите пресметки, нашите мотиви. Затоа Бог почива на простите и скромните, односно на благите луѓе кои живеат без претенциозни ставови - не на оние кои напорно се подвизуваат, а остануваат тврдоглави, сурови и себични...


Од профилот на архимандрит Павел Пападопулос

Simeon Stefkovski