Сите знаеме дека богатството до денес никој не го направил да биде среќен и задоволен во животот. Големиот римски император Цезар, по сите освојувања и кога уживал во најголемиот раскош и богатство, имал сериозна основа и повод да праша: „Зарем ова е сè?“. И не само Цезар, туку и многу други богаташи кои светската историја ги запишала на своите страници, го оставиле признанието дека сепак ова не е сè и дека има уште нешто, кое им недостасува, за да бидат среќни.
Светиот Јован Златоуст вели: „Нашиот земен живот е театарска претстава, во која луѓето играат улоги на глумци: богатството и среќата управуваат со нашите активности, го проголтуваат човекот, но му даваат и можност да управува со настаните. Но, кога денот за претставата сепак ќе помине, театарот ќе заврши, тогаш и маските ќе паднат. Тогаш секому од нас ќе му се суди според делата; тогаш нема да се гледа ниту на богатството, ниту на славата и власта, туку ќе ни се суди според нашите дела“. Амин