Отворање на изложбата „Од 0 до ∞“ (Од нула до бесконечност) на Колективот ЗЕРО.
Изложбата ќе биде прикажана од 9 декември 2020 се до 10 јануари 2021 година, во One Gallery во Софија, Република Бугарија.

Изложбата е во организација на Центарот за креативни индустрии - НЕБО од Суводол, Демир Хисар, а финансиски е поддржана од Министерството за култура, преку повикот поддршка на проекти од национален интерес за 2020 година.

Како што Нулата нема ниту почеток ниту крај, така и прикажаните дела на оваа изложба немаат своја хронолошка позадина, ниту пак некоја концепциска форма, што јасно укажува и на суштината на Колективот ЗЕРО.  Но затоа пак кај нив, таа спонтаност носи некој метафизички ред во хаосот. На изложбата прикажани се дела од раниот период на групата, индивидуални дела на уметниците, но и заеднички дела – фотографии врз кои се извршени интервенци во сликарска или дигитална форма.

Изложбата е уметнички континуум на претходните изложби на Колективот ЗЕРО, во кој индивидуалните погледи на уметниците, формираат една колективна целина, во која се забележува меѓусебната игра на уметноста, естетиката и политиката.    
На изложбата со свои дела учествуваат: Александар Станкоски, Перица Георгиев-Пепси, Беди Ибрахим, Миодраг Десовски, Синиша Цветкоски, Зоран Јаневски, Стефан Шашков, Горанчо Ѓорѓиевски, Сашо Јовчевски, Златко Трајковски–Хинки (1960-2017), Лина Дамјан и Виктор Јаневски.

Во прилог на оваа е-пошта ви доставувам текст на Колективот ЗЕРО и неколку од изложените дела.

Срдечен поздрав,

Јасмина Котевска
ЦКИ-НЕБО, Суводол.