Krst.Bogorodica

Знакот на крстот да се става на „царската диадема" на украси на војниците, на делови на телото, и тоа: на главата, на градите, на срцето, а исто така на жртвениците и на постелите. Ако е потребно да ги изгониме демоните, ние го употребуваме крстот, а исто така тој помага за исцеление на болести.

Свети Бенедикт ја осенил со крсен знак чашата во која имало отров и стаклото прснало како да е удрено со камен.

Свети Јулијан ја прекрстил подметнатата чаша во која имало отров и го испил отровот не осетувајќи никаква тегоба на своето тело.

Света Маченичка Василиса Никодимиска се оградила себеси со крсен знак, застанала во средината на пламенот и останала неповредена.

Светите маченици Авдон и Сенис се прекрстиле кога ги пуштиле на нив лутите ѕверови и ѕверовите постанале ненападни и кротки како јагниња. КРСТНИОТ ЗНАК било најсилното оружје против големите демонски искушенија кај древните подвижници, како што е и денес.

Најгрозните ѓаволски страшилишта се раселувале во ништо како чад, само кога човек би се прекрстил.
Така благоволил самиот Господ Исус Христос на некогашниот знак на злостор и на срамот, крстот, по Своето распнување на дрво да му даде сепобедлива сила и моќ.

Свети Јован Златоуст

 

 

Избор од фб профил на

Николај Филотеев