Во еден руски град, после едно бдение пред Божик, епископот излегол во припратата на храмот за да ги дарува сиромашните според обичајот од тоа време. На сите им било дадена голема помош, само за еден од нив немало ништо. Епископот не сакал да го ослободи стариот човек без подарок на еден таков голем ден и го поканил на гости.

Го донел сиромавиот во своите одаи,го нагостил и го понудил со чај. Почнале да разговараат, епископот во текот на разговорот го слушал старецот, но сфатил дека не е едноставен човек, како што му се чинеше поради неговата сиромаштија. Да, така и било: овој човек некогаш бил богат трговец, кој бил осиромашен и паднал на работ на сиромаштијата.

"Се сеќавам, владико свети на една предбожикна ноќ", рекол старецот. Владиката го слушал со голема заинтересираност "Тоа беше одамна, тргнав во еден оддалечен град со санки. Ноќта беше ладна, темна, олујата постепено се смируваше. Каде и да погледнеш , снег. Наоколу бескрајна тишина, прекршена само со ѕвоното и крцкањето на снегот под санките ... Одеднаш, гледам нешто црно на снегот. Кочијашот ме убеди дека не ми се причинува. Што може да биде тоа во полето, во средината на ноќта, ѕвер или човек? Наредив да застанеме и да излеземе да видиме.

Тоа беше момче, лежеше, покривајќи ја главата со рацете. Тој не даваше знаци на живот, очигледно замрзнат. Го зедов кај себе, почнав да му ги тријам лицето и рацете, го завиткав во мојата бунда. Се оживе. Тој ми рече дека е Богослов, дека тргнал да го слави Божик со своите родители. Неговиот татко бил свештеник во селото, неколку километри од градот. Тргнал пеш, потпирајќи се на својата младост.

Го престретнала олујата и тој залутал.Почнало да му се приспива, одејќи паднал и замрзнал. Но Бог не го дозволил тоа. Го одведов дома и им кажав на неговите родители: Еве го вашиот син жив! Како ме благословија, како ми благодареа! Каде е сега ова мало момче? Што му се случило? "Епископот внимателно ја слушал приказната на стариот човек, без возбуда, само со раката почнал побргу да ја врти бројаницата.

Кога приказната завршила, епископот станал, се приближил до иконите и почнал да се моли. Потоа, свртувајќи се кон старецот, рекол: "Јас бев тоа момче, Богословот, кого го спасивте. Нека е благословен Бог. Што се случи со момчето? Гледаш и самиот. Господ ме удостои со чин Архиепископски. А ти си тој што ме спаси. Бидете благословени! "

И владиката и сиромавиот паднале заедно пред иконата на Христовото раѓање, и еден кон друг.
Владиката се погрижил за сиромашниот старец и како што он некогаш го загревал со неговата бунда во ладната зимска ноќ, така и владиката сега го загревал со својата љубов и грижа и живеел старецот кај него додека не се упокоил.

Мaнастир Свети Гаврил Лесновски

 

Избор од ФБ: Николај Филотеев