ПОКЛОНИЧКО ПАТУВАЊЕ ВО ЧЕСТ НА

СВЕТА ПАРАСКЕВА - РИМЈАНКА, СВЕТИ ЈОВАН РУСИН И СВЕТИ ДАВИД ЕВИЈСКИ - ГРЦИЈА

2 И 3 АПРИЛ 2011 ГОДИНА

Скопската епархија, со благослов на Негово Блаженство Архиепископот г.г. Стефан, организира поклоничко патување во чест на Света преподобна маченица Параскева Римјанка (св. Петка), свети Јован Русин и свети Давид Евијски - ГРЦИЈА.

1 ДЕН (02. 04. 2011 сабота): Состанок со групата во 04.00 часот пред храмот Пресвета Богородица, спроти МАНУ, па заминување кон Гевгелија и граничниот премин Богородица - Евзони. Пристигнувањето во Темби - Лариса е предвидено околу 10.00 часот каде најпрвин ќе биде посетен храмот посветен на Света преподобна маченица Параскева Римјанка (св. Петка) каде ќе можат поклониците да се поклонат на моштите од светителката. Следи продолжување на патот кон островот Евија, родното место на Блажени Теофилакт Охридски. Пристигнувањето во Прокопи е предвидено во вечерните часови каде ќе биде и ноќевањето (без појадок) во конакот на свети Јован Русин.

2 ДЕН (03. 04. 2011 недела): Будење во 07.30 часот а потоа заминување на литургија во храмот посветен на свети Јован Русин каде што поклониците ќе можат да се поклонат пред моштите на светителот по литургијата. Следува  заминување за Ровиес и посета на манастирот Свети Давид и поклонување на неговите мошти. Во 12.00 ча­сот е предвидено враќање за Скопје, а пристигнувањето во Скопје се планира во вечерните часови.

 

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 4.800 денари. Во оваа цена се вклучени: патничко осигурување, автобуски превоз, повратен превоз со траект Глифа - Евија - Глифа и едно ноќевање (без појадок) во конакот на свети Јован Русин (02 април). Оние поклоници кои имаат стар - син пасош треба да поседуваат индивидуална грчка виза.

Последен рок за пријавување е 27 март 2011 година до кога ќе треба да се уплати и да се достави копија од пасош каде што се наоѓа сликата.

За сите информации може да се обратите на проф. Момчило Павловиќ секој ден по 13.00 часот на тел. 070 582 588        или на е-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Поклониците кои ќе сакаат да понесат дар за гореспоменатите светители, можат да го направат тоа, но во согласност со православната традиција.       Исто така, доколку некој сака да понесе од дома некоја икона или сличен предмет, за да го положи врз моштите, истото може да го направи и потоа предметот да го врати дома, благословен од светителите.